Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дијабетичар:Бев уапсен зошто повикав на протест за инсулините

0
By Менче Атанасова Точи on June 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 10, 2016 17:44

Дијабетичар од Струга, зависен од инсулин тврди дека бил уапсен затоа што јавно кажал дека ќе ги повика на мирен протест пациентите доколку не се реши проблемот со инсулинската криза во државата. Ова за НОВА го тврди Иво Дукоски од Струга, човекот кој во декември минатата година бил приведен за како што вели сторено „тешко кривично дело менување на лажни девизи“, а по испрашувањето во полициската станица во Битола е пуштен дома, со образложение дека е ослободен од обвинение.

Дукоски се сомнева дека апсењето, малтретирањето и понижувањето кои ги доживеал таму се должат на изјавата која ја дал неколку дена претходно за Алсат М телевизија каде што рекол, „дека ќе ги повика на мирен протест дијабетичарите, доколку не се реши проблемот со недостиг на инсулини“. Изјавата која била објавена на вестите на Алсат М, потоа одела во неделната „Саботажа“во емисијата „360 степени“.

Оваа бизарна случка Дукоски ја раскажа во емисијата ПРОЦЕС на НОВА, која ќе биде емитувана во недела на 12 јуни.

„Прво ме повикаа во полициската станица во Струга. Јас работам како пожарникар, влегувам во станови и никој никогаш не се пожалил дека нешто недостасувало. Сите полицајци ми се колеги, ме знаат како чесен човек, дијабетичар сум на инсулин, а имам и други болести. Во полицијата во Струга не ме малтретираа, ме пуштија “, ја започна својата приказна Дукоски.

Но, случајот не се завршил на ова. Неколку дена по ова тој бил повикан да се јави во полициска станица Ресен. Таму отишол сам, бил распрашуван, по што со полициско возило бил однесен во полициска станица во Битола. Дукоски вели дека таму бил задржан неколку часа, каде што бил испрашуван, бил фотографиран, му биле прикажувани видео снимки од менувачница на некое лице кое менувало 950 евра, лажни девизи.

„Во полициската станица во Битола каде бев задржан четири часа, бев третиран како најголем криминалец. Ми покажуваа снимки од менувачница од некој човек, ме испрашуваа дали јас сум на снимката, ме сликаа со број, ме ставија зад стакло на препознавање. Еден од полицајците почна да вика„за криминалец само ќотек треба и крена рака на мене, по што настана мешаница“, раскажува Дукоски.

Дукоски тврди дека му бил даден да потпише документ дека е осуден, а не обвинет за тешко кривично дело. На крај јавниот обвинител не го прифатил обвинението, по што му рекле дека е ослободен од обвинение и може да си оди дома. Тогаш на Дукоски му се слошило по што била повикана брза помош.

„Цело време бев без јадење и пиење, што не смее да се дозволи кај дијабетичар. Тогаш ми се качија шеќерот и притисокот и ми се слоши. На мое барање беше повикана брза помош кои интеревенираа, ми дадоа терапија во полициската станица, по што ме упатија во битолската болница. Јас сакав само што побргу да си одам дома. Сето ова го поврзувам со изјавата дадена на Алсат М, каде што реков дека ќе ги повикам на мирен протест дијабетичарите бидејќи немам врска ниту со девизи ниту со менувачници“, рече Дукоски за НОВА.

Тој не прифатил да го однесат дома со полициско возило и со автобус е вратил назад во Струга.

Во СВР Битола потврдија дека на 29 декември минатата година Иво Дукоски бил повикан на препознавање за кривично дело „Измама по член 247 “од Кривичниот закон. Препознавањето се одвивало во присуство на началникот на крим полиција од Ресен и јавен обвинител. Откако лицето кое било од другата страна на стаклото, не го препознало, јавниот обвинител го ослободил од обвинение.

„ Официјално можам да потврдам дека Дукоски во полициска станица бил задржан од 11 и 30 до 12 и 30 часот, така е документирано. Бил донесен заради сомнение за сторено кривично дело „Измама по член 247“од Кривичниот закон. Но, не бил препознаен од лицето во просторијата, по што е пуштен без обвинение. Точно е дека била повикана Брза помош по негово барање која интервенирала, а потоа му било понудено да го вратат назад со полициско возило, но тој одбил, изјави за НОВА Сања Стаматова портпаролка на СВР Битола.

На заминување Дукоски побарал документ, односно записник од распитот, но во полиција му рекле дека тоа може да го побараат само адвокатите. Таков документ до ден денес не му е издаден. По ова, Дукоски сакал да поднесе тужба, но адвокатите го советувале дека со полиција нема да може да излезе на крај на Суд, дека тие имаат право да ме повикаат на информативен разговор и дека е подобро сето ова да го заборави.

дијабетичар малтретиран уапсен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

ВЕСТИ May 21, 2026

Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена,…

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

May 21, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026
ТИКЕР

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.