„Во моментов немам информација дека Високата претставничка за безбедносна и надворешна политика на Европската унија, Кетрин Ештон, идната недела ќе го посети Скопје. “, гласи одговорот на нејзината портпаролка Маја Коцијанчич, на Радио Слободна Европа, околу шпекулациите дека Ештон во рамки на нејзината интензивна дипломатска активност на релација Белград и Приштина, идната недела би можела да пристигне и во Скопје.
Коцијанчич не ја потврди, ниту исклучува можноста, туку само изјави дека нема таква информација.
ПортпаролкатаКоцијанчич одби да коментира и која би била целта на таквата посета на Ештон на Македонија.