Уставната судијка Наташа Габер- Дамјановска во интервју за НОВА говори за основаноста на Шарените револуционери да бараат од Уставниот суд да соопшти став за СЈО, за аболицијата и Иванов, за Сваровски судиите, за начинот на избор за судии во Стразбур каде таа излезе од игра од страна на комисијата преводена од министерот за надворешни на Македонија.
Наташа Габер- Дамјановска со своите издвоени мислења кои ги публикуваше мината недела во книгата “Во одбрана на Уставот и цивилизациските вредности” во последните години се покажува како бескомпромисен борец токму за зачувување на демократските, цивилизациски вредности, за кои говори и во ова интервју, низ призмата на судски одлуки и политички потези, особено на власта.