Граѓаните од Македонија организирани во 250 автобуси денеска на скопскиот аеродром Александар Велики ќе го пречекаат хашкиот затвореник Јохан Тарчуловски.
Според сценариото Тарчуловски ќе се сретне со премиерот Никола Груевски и потоа во центарот на Скопје ќе положи цвеќе пред Споменикот на бранителите.
За пречекот на Јохан ќе биде организирана и прослава на плоштадот „Македонија“ на која ќе настапат познати пејачи од македонската забавна и фолк естрада.
Тој беше осуден од Хашкиот трибунал на 12 години, но е помилуван по издржување на две третини од казната, односно поминати 8 години во затвор.