Државната изборна комисија на дневен ред денеска ги има 66-те приговори од ВМРО-ДПМНЕ за изборните нерегуларности во општината Центар.
Според податоците на ДИК граѓаните во Центар за Жерновски глесале 14.383, а неговиот портивкандидат Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ добил 13.402, што е за 981 глас помалку.
Доцна синоќа од вкупно 30 приговори на ВМРО ДПМНЕ за вториот круг гласање во Куманово беа одби 29, а еден делумно прифатен.
Што значи победата на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Зоран Дамјановски не е оспорена.
Инаку вчера во КУнамово на протест излегоа граѓаните на Куманово од сите националности, тие носеа транспаренти: „Не си играјте со оган во Куманово“ и „Не ги чепкајте гласовите на Албанците“, „Патот за Европа води низ Куманово“ како и врзани македонски и албански знамиња.