Започна прославата по повод 26 години од постоењето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ која се одржува на летната тераса пред Музејот на ВМРО, јавува репортерката на НОВА, Сашка Цветковска.
На одбележувањето од роденденот на партијата, штотуку пристигнаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, јавува репортерката на НОВА. Прославата започна со државната химна, која ја пееше Андријана Јаневска.
На прославата, присуствуваат неколку стотици одбрани гости, меѓу кои и премиерот Емил Димитриев, претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, претседателката на Унијата на жените на партијата, Даниела Рангелова, Александар Пандов од ГДОМ, и други партиски членови и поддржувачи на партијата.
Слоганот на одбележувањето е „Идеја и дело – посилни од се.
ВМРО ДПМНЕ во историјата на независна Македонија била во власта два пати – еднаш од 1998 до 2011 кога кабинет формираше Љубчо Георгиевски и од 2002 наваму под водство на Никола Груевски. Тоа се и единствените партиски лидери кои се промениле во овие 26 години.
Минатиот роденден партијата го прослави пред новото партиско седиште во Центарот на Скопје со што зградата свечено беше ставена во функција. Таа е најобезбедуваната зграда во државата во моментов, заедно со Музејот на ВМРО кои се под полициска заштита 24/7 откога започнаа протестите.