Published: Monday, June 20, 2016 11:56
По предлог на Германија и Велика Британија, Советот за надворешни работи на Европската унија денеска ќе расправа за состојбата во Македонија.
По расправата, тие треба да дадат препорака во вид на заклучок за ситуацијата во Македонија како земја-кандидат за членство во ЕУ.
Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ ќе расправаат за Македонија како централна точка на Советот, покрај дискусијата за мировниот процес на Блискиот Исток, состојбата во Сахел, интегрираната ЕУ-политика за Арктикот и тренинг-мисијата за безбедносните сили во Либија.




