„Онаму каде што се граделе училишта, таму секогаш постоеле и цркви. Барем така било во минатото. Но сега е поинаку и имаме недостиг од верски објекти. Во новите населби во Скопје почнува изградбата на неколку цркви, а меѓу нив е и овој објект на аголот на булеварите Србија и АСНОМ, на кејот на реката Вардар.“
Ја пренесува Нова Македонија изјавата на г.г. Стефан, поглаварот на Македонската православна црква-ОА, дадена за време на вчерашната посета на градежните активности на новата црква во скопската општина Аеродром
„Во населбата Карпош ќе се градат уште три-четири цркви, а недостигаат вакви објекти и во населбите Драчево, Ченто, Железара, Радишани и во населбата Даме Груев,“ истакна г.г. Стефан, поглаварот на МПЦ-ОА.