НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Застрашувачки цинизам што го викаме дипломатија

0
By Нова ТВ on June 22, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кусо видео од познатата хумористична серија “Да министре” на Би-Би-Си, емитувана во 80те години.

Серијата имаше огромен успех и беа снимени повеќе сезони. И по 30 години оваа серија е се уште популарна и, за многумина, незаборавна поради остриот и перфектен британски хумор на политички теми.

Главните ликови се Џејмс Хакер, министер за административни работи и Сер Хамфри Еплбај, постојан државен потсекретар.

Нивните разговори предизвикуваат громогласна смеа. Ситуациите во кои се наоѓаат главните ликови често се многу блиску до реалноста. Но овој пат видена преку британскиот хумор.

Епизодата “Европска дипломатија” зборува за надворешните приоритети на британската дипломатија. Според Сер Хамфри Еплбај, главна цел на влезот на Велика Британија во тогашната Европска заедница е таа да има што повеќе членки и да биде разединета.

Во очекување на резултатит на референдумот во Велика Британија, на кој се гласа “за” или “против” Брегзит – излегување на земјата од ЕУ, малку британски хумор може да биде добредојден.

Превод:

Министерот:

Форејн Офисот е про-европски, нели?

Хамфри Еплбај:

Да и не! Форејн Офисот е про-европски затоа што е анти-европски. Службата е обединета во желбата да биде сигурна дека заедничкиот пазар нема да функционира. Ете зошто влеговме во тоа.

Министерот:

Што е тоа што ми го зборувате?

Хамфри Еплбај:

Г-дине министер, Велика Британија го има истите надворешно-политички цели веќе 500 години – креирање на разединета Европа! За таа цел ние се боревме со Холанѓаните против Шпанците, со Германците против Французите, со Французите и Италијанците против Германците и со Французите против Германците и Италијанците. Разедини и владеј! Зошто да ја менуваме таа политика кога таа толку убаво функционира?

Министерот:

Да, навистина тоа е историја.

Хамфри Еплбај:

Да. Но и актуелна политика. Ние мораме да ја разбиеме целата оваа работа и затоа треба да бидеме внатре. Пробавме тоа да го направиме од надвор, но тоа нема да функцинира. И сега кога сме внатре, целата оваа работа можеме да ја направиме да биде вистинска помија! Ги вртиме Германците против Французите, Французите против Италијанците, Италијаните против Холанѓаните…. На Форејн Офисот ова многу му се допаѓа… исто како во старите добри времиња!

Министерот:

Па нели сме приврзани на европскиот идеал? Нели? Зошто тогаш туркаме за прием на повеќе членови во Европа?

Хамфри Еплбај:

Навистина министре!? Всушност, тоа е како Обединетите Нации. Колку повеќе членови, толку повеќе кавги. Така стануваат бесполезни и импотентни.

Министерот:

Каков застрашувачки цинизам!

Хамфри Еплбај:

Дааа, ние тоа го викаме дипломатија!

брегзит ЕУ. Велика Британија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.