Националната агенција за европски образовни програми повторно делела пари на сомнителен и нетранспарентен начин. Ова се наодите од истражувањето на Македонскиот центар за европско образование и Фондацијата “Институт отворено општество Македонија”. Ова е втор скандал со делењето на средствата за млади од европските фондово откако во 2010 година Брисел ги замрзна средствата за Македонија поради спроведување на истрага за начинот на кој се користеле.
Во извештајот кој претствува дебело досиеза начинот на кој се делеле парите откако средствата бидуваат одмрзнати од Брисел се тврдидека околу 1, 3 милиони наменети за младински проекти се поделени на само 11 организации, а за истите нема информации како се потрошени и кои се ефектите и резултатите. Тие прават паралела на овој случај со оној од 2010 кога средствата беа замрзнати по откривањето дека тогашниот директор Бошко Нелкоски парите ги делел на организации блиски до него, до членовитена управниот одбор и нивните семејства.
Истражувањето ги прикажува организациите кои аплицирале, сумите кои ги земале, поврзаноста со актуелни и поранешни вработени во агенцијата преку изводи за сопственоста од Централниот регистер. Исти основачи доставувале различни проекти од исти адреси. Тука е примерот со организацијата “Македонски младински прес” од Струга која во неколку проекти се јавува од адреса во Скопје. Многу од организации се поврзуваат со семејствотот на екс-директорот Бошко Нелкоски. Па така, организации чии основачи се таткото или пак, сопругата на Нелоски (која го користи моминското презиме во апликациите) се токму добитниците на средства.
Коалицијата од организации бара итно расчистување на распределбата на средства од европските програми, распределба која тие ја наоѓаат за сомнителна. Извршниот директор на Македонскиот центар за европско образование побара итно решавање на овој проблем и порача дека состојбата ќе биде презентирана во Брисел за и таму да се запознаат со начинот на кој се трошат парите на граѓаните на Европската унија. Таа предложи темелна ревизија на работата на Националната агенција за европски образовни програми и ефектуирање на иницијативата на Антикорупциската во Обвинителството за кривично гонење на Бошко Нелкоски. Но, Димова предлага и вистинска кампања која навистина ќе ги запознае младите и граѓаните со можностите од европските програми.
Парите од овие програми беа и првите европски пари кои и беа доделени на земјава за директно користење преку тогаш формираниот орган Националната агенција за европски образовни програми.