ДИК не прифати ниту еден од досега разгледаните 12 приговори од ВМРО-ДПМНЕ за Општина Центар за кандидатот на здружената опозиција, Андреј Жерновски, од вкупно 60 приговори.
Образложението на приговорите на ВМРО-ДПМНЕ се однесува на опозиционата СДСМ за нарушување на приватноста на гласањето како и на податоците, односно матичните броеви.
Дополнително, од страна на ВМРО-ДПМНЕ се проблематизира гласањето на жителите од Пустец, Албанија, а како доказ владејачката партија ги приложи новинарските извештаи од Интернет порталите.
Како доказ ВМРО-ДПМНЕ дури поднесе и извештаи од интернет портали кои тврдат дека гласале жители од Пустец и Корча од Албанија.
Сашо Срцев како член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ говорејќи и воедно протестирајќи за гласањето на лицата од Пустец, доби реплика од првиот човек на ДИК, Борис Кондарко, кој го прашал кој всушност ги донел лицата од Пустец, кој им испечатил лични карти во кои стои токму Центар како адреса за живеење.