Жак Делор, претседател на Европската комисија (ЕК) од 1985 до 1995 година, изјави дека Британците, кои никогаш не биле пријателски расположени кон поголема европска интерација, треба да се свртат кон друга форма на партнерство со ЕУ.
Оваа изјава тој ја даде десетина дена пред Брегзит референдумот во интервју за германскиот економски весник Ханделсблат.
“На Британците им се важни само нивните економски интереси и ништо повеќе. Треба да им предложиме друга форма на партнерство”, изјави Делор.
Во текот на својот десетгодишен мандат на чело на ЕК Делор присуствуваше на влезот на Шпанија и Португалија во ЕУ, беше инцијатор на Европскиот единствен акт, реформата на заедничјата земјоделска политика и Програмата за помош на сиромашните како и потпишувањето на Повелбата од Мастрихт со која тогашната Европска економска заедница стана Европска унија.
“Ако Британците не сакаат поголема интеграција во ЕУ, можеме и покрај тоа да останеме пријатели но во друга форма”, изјавил Делор кој ја повикува ЕУ на поговеќе политичка интергација.
Другата форма на соработка со Лондон би можела да биде соработка во европскиот економски простор или договор за слободна размена, вели тој. За него Велика Британија секогаш ќе остане привилегиран партнер бидејќи оваа земја е “стратешки и економски важна, како и други важни земји” споменувајќи ги Индија или Кина.