Published: Friday, June 24, 2016 18:51
Претседателот Ѓорге Иванов при посетата на МВР уште еднаш ги повтори своите ставови за мотивот за аболицијата- ја донел одлуката бидејќи сакал со неа да донесе помирување.
Иванов го обвини лидерот на опозицијата Зоран Заев дека повикува на украинско сценарио и на насилство на улиците.
По средбата со министерот Митко Чавков и директорот на бирото за јавна безбедност, шефот на државата рече дека безбедносните служби будно ја следат ситуацијата во земјава и на границата.
Откако Велика Британија реши да излезе од Европската унија, Иванов очекува лидерство и храброст од членките, но и промени во самата Европска унија.




