48% од гласачите кои сакаа да останат во Европската унија се толку смртно преплашени од резултатот на Заминување од ЕУ, што веднаш активираа парламентарна петиција за втор референдум, јавува Индепендент.
“Ние долупотпишаните ја повикуваме Владата да го спроведе правилото дека ако гласањето за останување или напуштање е помало од 60% врз основа на одзив помал од 75%, треба да има уште еден референдум”, се вели во петицијата поднесена утрово.
Во времето на пишување, е тешко да се пристапи на петицијата, веројатно поради напливот на интернет сообраќај. Пребројувањето на гласовите е над 100.000 во моментов и се качува на околу илјада потписи од една минута.
Сите барања на сајтот кои добиваат повеќе од 100.000 потписи мора да се сметаат валдини за дебата во Собранието со закон, како што беше случајот со легализацијата на канабисот.