НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ГруевскиИН, СЈОегзит

0
By Биљана Секуловска on June 25, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Иако целата ситуација со Брегзит е далеку посериозна одошто изгледаше првиот момент кога слушнавме за оваа ингениозна идеја на британскиот националистички камп за излез од ЕУ, во Македонија работите земаат смешен, да не речам бурлескен тек.

Голем дел од корисниците на социјалните мрежи го славеа излезот на Британија од ЕУ што изгледа на прв поглед симпатично, се разбира дека мислам исклучиво во смисла на нивните пораки полни со граматички и правописни грешки.

Што да се каже, кога веќе одамна сте запознаени со начинот на кој комуницира еден дел од државава, која го поддржува кампот ГруевскиИН, и се бори за Заевегзит а особено со сите расположливи сили, за СЈОегзит:

  • Отличен пројект, само напрет, само така, цареви!
  • Една даје, цела даје, неви ја даваме соросоити!
  • Потршка за пастирот, името него даваме!
  • Неможе да си оди нај добриот премијер, чија гатачка претвиде дека ЕУ ќе се распатне. ВМРО до гроп!
  • ЕУ пропаџа, тоа мисе допаџа!

Видете го ве молам само нашиот претседател Иванов. Тој е предводник на Кампот СЈОегзит и со цела сила ќе се бори да ги снема Јанева и тимот, што подалеку, засекогаш. За таа цел тој е подготвен и да ја мобилизира армијата, како што рече во најновиот говор, притоа хистерично напаѓајќи го СЈО дека не било балансирано и ја гонело само партијата на власт, наместо како што е ред, да не пикне нас во затвор и тој лично да го голтне клучот од занданите.

Загрми овој претседател: не ја активирал силата на АРМ (инаку без униформи и скинати чевли, а конзервите и се гозба за пред него веројатно, како Врховен командант) за да ги растури протестите на Шарената револуција, само затоа што имало бегалци на границата и стравувал од наплив и немири, итн., итн.

Многумина сериозни аналитичари деновиве одбиваат и да го трошат времето за експертиза на Иванов, нарекувајќи го – една обична будала за која не вреди да се дискутира, квалификација со која јас не се согласувам воопшто.

Еднакво како што не се согласувам и со потсмевањето кое долго време кружи, а се однесува на Груевски, кој пак се нарекува- еден класичен лудак, се замавнува со раката, затоа што времето е драгоцено и треба да се разговара за државнички, стратешки прашања, со сериозен изглед на лицето и прст на челото.

Зошто мислам дека не треба воопшто да се потценуваат овие двајца, Груевски и Иванов, значи во очите на многумина- лудакот и будалата?

Историјата со двојката покажа катастрофални и несогледливи последици и штети со нивното децениско владеење.

Иднината пак може да ни ја покаже разорната моќ со која тие располагаат и која се подготвени да ја употребат, особено и исклучиво ако нивниот непријател бр.1 СЈО продолжи да работи и ги пречекори границите на нивните најсмели очекувања.

Значи, нивната цел е никогаш, под ниедни околности, да не се дозволи да биде реализирано прашањето кое за нив (а и за нас) значи прашање на живот или смрт: притвор и потоа затвор за Фамилијата.

Тоа е опасноста која ги демне и заради која се подготвени да се закануваат, да заплашуваат и мавтаат (или беше мафтаат? најдобро е да го прашам ГруевскиИН кампот) со армија, војска, гумени куршуми и солзавец, само за почеток. Тоа е порцијата која следи за сите предавници на гаќите на Прометеј.

Конечно, има значајна позадина во оваа поддршка за Брегзит, на кампот на Груевскиин кој е за СЈОегзит.

Надежта е, ах, таа надеж, дека излезот на Британија од ЕУ е почеток на крајот и на самата обединета Европа.

Надежта е дека очите отсега ќе бидат свртени кон спасот на другите земји, надежта е дека една по една, според најавите тоа се Холандија, Франција, Шведска, ќе организираат референдуми за излез од ЕУ.

Надежта, ех, таа пуста надеж, дека проширувањето е замрзнато, Македонија од денес е заборавена, со тоа Заев а особено СЈО се непостоечки, нада, нула, ништожни измислени поими кои се избришани со еден потег со гумата која ја прекрои картата на Европа.

Едно само заборавиле во целиов овој генијален план дека се ќе се врати како што некогаш било: тука сме ние да ги спречиме во тоа, а нам секогаш и не ни треба никој друг, освен самите себе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.