Државната изборна комисија ги отфрли сите 66 приговори на партијата ВМРО ДПМНЕ. Образложението на приговорите на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваше на опозиционата СДСМ за нарушување на приватноста на гласањето, агитирање на денот на гласањето, како и спречување на некои лица да гласаат.
Се проблематизираа дури и гласачите од Пустец, за кои како докази се приложуваа новинарските извештаи од неколку интернет портали.
Според законот, доколку е незадоволна од решенијата на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ има право на жалби до Управниот суд, чии одлуки се конечни.