Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има повеќе опции како Велика Британија би останала во Европската унија

3
By Влатко Чаловски on June 28, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 28, 2016 14:16

Британскиот референдум за излез од Европската унија ги остави во шок лидерите од Европа и светот. Прашањето кое се поставува на сите анализи пост фестум е дали постои начин една од најмоќните земји во Унијата сепак да остане во големото друштво.

Премиерот Дејвид Камерон, кој самиот го иницираше Брегзит па потоа бараше да се гласа против истиот, порача дека референдумот е обрзувачки и треба да започне имплементацијата, но без него.

Опциите се отворени, само кој би бил храбар да се спротистави на волјата на Британците или да ги убеди дека излегувањето од Унијата може да се покаже како грешно?

Брегзит не е правно обврзувачки

Пред сè Брегзит не е правно обврзувачки. Тоа значи дека Обединетото кралство не излегува од Европската унија ако Премиерот продолжи да работи на ист начин како да референдумот и никогаш да не постоел.

Премиерот во оставка, Дејвид Камерон рече дека тој нема намера да го активира излезот на Велика Британија и дека тоа ќе биде работа на следниот лидер. Неговото место во Конзервативната партија се оечкува да го зазеде или Тереса Меј или Борис Џонсон. Меј е против излегување од Унијата додека Џонсон беше еден од најактивните во кампањата за излез.

Бидејќи поголемиот дел од британските парламентарци се спротиставуваа на идејата за Брегзит, тие би можеле да поддржат премиер кој не би го активирал излезот, но тоа би значело спротиставување на волјата на околу 17 милиони Британци кои гласаа „за“ Брегзит, но исто така, тоа би можело да доведе до разгорување на политичките сили кои беа гласни за излез на Кралството од Унијата.

Вето од страна на Шкотска

Домот на лордовите во април потенцираше дека секоја одлука за излез од ЕУ ќе треба да биде одобрена од парламентите во Шкотска, Северна Ирска и Велс и тука е реалната блокада за евроскептицистите.

Премиерката на Шкотска
Премиерката на Шкотска

Првите луѓе на Шкотска веќе рекоа дека тие немаат намера да излезат од ЕУ по никој цена, макар тоа значело одржување на нов референдум за независност и излегување од Велика Британија.

Од друга страна, Велшаните го поддржаа излегувањето, а исто и Северна Ирска.

Во оваа шема со Парламентите може да се прават повеќе сценарија. Ако следниот Премиер навистина не сака да ја види Британија надвор од ЕУ, може да се повика на шкотското вето, или пак обратно, ако Премиерот сака надвор, парламентарците може да го изменат правилото за вето, а тоа најверјатно ќе ја поттикне иницијативата за независност на Шкотска.

Нов референдум

Во 1992 година гласачите во Данска на референдум одбија да се приклучат кон евроинтегрирањето. Сепак по 11 месеци дипломатски турбуленции, се одржа нов референдум кој беше одобрен од страна на гласачите. Слично се случи и со Република Ирска со референдумите во 2001 и 2008 година.

Иако речиси е неверојатно, поддржувачите на идејата да се остане во ЕУ веќе разговараат во Кралството за можен нов референдум, со он-лајн петиции во кои милиони гласачи се имаат потпишано. Иако мал дел, сепак луѓе кои гласале „за“ Брегзит, на социјалните мрежи велат се каат за тоа.

Но евентуален втор референдум со себе носи и еден многу поголем ризик. Што ако Британците и на втор референдум решат да излезат од ЕУ? Тогаш би завршила секоја надеж за останување во ЕУ и нема враќање назад.

Статус кво во односите со ЕУ само без формално членство во Унијата

Членот 50 (активирање на излезот) дозволува две години за земјата која сака да ја напушти Унијата да ги преговара термините за нејзините односи со ЕУ со акцент на трговијата и миграцијата.

norway euТука се поставува прашањето што ако Британците издејствуваат да ги имаат речиси сите привилегии како и земјите-членки само без формално членство? Дури и најголемиот поддржувач на Брегзит, и потенцијален нов премиер, Борис Џонсон, порача дека Велика Британија ќе ги задржи сите договори за слободна трговија и слободно движење во Европа.

Таков пример е Норвешка, која не е членка на Европската унија но има пристап до заедничкиот пазар и отвореност на границите.

извор: Њујорк Тајмс

брегзит ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.