НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Никола Маџиров, вие не смеете да ја примите наградата од оваа власт

0
By Биљана Секуловска on July 2, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Има уметници и има режимски уметници.

Токму затоа, проминентниот, бескрајно талентиран и прославуван поет Никола Маџиров, не смее да ја прими наградата национален уметник на Македонија. Награда која беше соопштена од страна на министерката за култура, Елизабета Канчевска.

Не смее да се согласи со ова признание затоа што е добиено од оваа власт.

Мора да ја одбие почеста затоа што му ја врачува оваа министерка.

Маџиров мора да знае, а знае, дека во оваа земја многу малку уметници, многу малку писатели ризикуваат.

Маџиров, колкумина уметници се?

Колкумина од нив се писатели?

Маџиров, колкумина писатели ја распарале утробата на оваа власт?

Не и дале да дише, да го дочека следниот ден, затоа што писателот ги обезмоќил, ги убил со својот збор?

Колкумина од вашите колеги и го зариле перото во грлото на оваа власт и сега таа не може да говори, го центрирале во главата убоитото оружје и таа власт сега не може повеќе со леснотија да донесува лагодни одлуки со кои ќе го продолжи теророт врз своите граѓани?

Колкумина од писателите се осудуваат да маршираат на протести заедно со студентите кои ги тепаат и влечкаат, заедно со родителите на Мартин Нешковски, заедно со семејството и колегите на Никола Младенов и Томислав Кежаровски?

Маџиров, колкумина од писателите биле прогласени за предавници, како што низ годиниве, секојдневно слушаме предавнички имиња на интелектуалци- професори, новинари, активисти, слушаме имиња директно испорачани од устата на Груевски, човекот кој е лидер на партијата на власт, која вам сега ви доделува признание за вашата уметност.

Колкумина писатели се охрабриле да пишуваат за оваа власт, за угнетувањата на обесправените, понижените, уништените од оваа власт?

Колкумина од писателите биле борци за правда, колкумина биле неспокојни, не можеле повеќе да јадат, да спијат, да живеат ако светот веднаш не го слушне нивниот глас, нивниот срам, бес, револт, затоа што тие не смеат и не знаат поинаку?

Маџиров, јас знам за една писателка која секојдневно ја гледам на протести. Веројатно ја знаете, сте слушнале за неа, сте ја читале. Нејзиното име е Румена Бужаровска. Колку што можам да следам, многу повеќе станува позната надвор од оваа земја, отколку тука.

Но, друго сакав да кажам. Нејзиниот татко, славниот композитор Димитрие Бужаровски, на 14 април оваа година ја одби наградата Трајко Прокопиев“ за животно дело на Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) поради тоа што не се согласува со културната политика што се води во земјата и од која е дел СОКОМ.

Бужаровска ја извести јавноста преку социјалната мрежа Фејсбук дека на тој 14 април, кога се делеа награди при концертот на Македонската филхармонија, во исто време, пред Беко со татко и била “дел од стампедото демонстранти кои бегаа од шок бомбите и специјалците што ја бранеа светата зграда на ВМРО”.

Тоа е таа приказна Маџиров, која треба да ја имате на ум тогаш кога ќе ја добиете признаницата со потпис на оваа власт, со печат на репресиите за кои Бужаровски не сакал и одбил да биде дел.

Затоа што, секое премолчување, игнорирање на злосторствата значи согласување, значи соучесништво, значи резервирано најжешкото, најужасното место во пеколот, за оние, кои во времиња на огромна морална криза, одбираат да бидат неутрални. Но, вие, Никола Маџиров ова многу добро го знаете.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.