Комисијата за верификација на фактите потенцира дека за писателот и прв претседател на Хелсиншкиот комитет, Мето Јовановски, ниту има донесено Решение за соработка со органите на државната безбедност ниту има објавено такво решение на нејзината официјална веб-страна www.kvf.org.mk.
Овој документ на Лустрациска со потпис на Томе Аџиев ги негира постојаните тврдења, навреди и манипулации на водителот Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил кон уредникот на веб-порталот НОВА, Борјан Јовановски и неговото семјество.
Неделковски во неколку наврати на оваа социјална мрежа упатуваше погрдни зборови за Јовановски, негово семејство и неговиот татко Мето Јовавноски, притоа фалсификувајќи принтскрин фотографии од официјалниот сајт на Комисијата за верификација на фактите.
На фалсификатот на кој што е напишано „Кодош со тапија“, Миленко Неделковски името на Јелица Самоникова од оригиналната верзија на сајтот на Комисијата, го заменил со името на Мето Јовановски, додека документот со редниот број 07 – 630 11 каде што стои името на Иван Катарџиев, го заменил исто така со името и презимето на Мето Јовавноски.
Комисијата пак потврдува дека „нема покрената постапка за утврдување соработка за лицето Мето Јовавноски“.
Поради ова, семејството Јовановски поднесе Кривична пријава против контроверзниот шоумен, врз основа на чл.57 од ЗКП поради постоење на основано сомнение дека Миленко Неделковски сторил едно кривично дело Компјутерски фалсификат по чл.379-а ст.3 в.в. ст.1 од КЗ и едно крвично дело Злоупотреба на лични податоци по чл.149 ст.2 в.в. ст.1 од КЗ.
Ова не е прв пат на Неделковски да манипулира со јавноста. Во 2014 година тој го прекрши членот 181 од КЗ повредувајќи го угледот на тогашната амбасадорка на Холандија, Мариет Шурман пишувајќи и изразувајќи се вулгарно за неа.
Контроверзноста на водителот оди дотаму што од страна на доскорашниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски, за кој Неделковски исто така често упатуваше навреди преку Фејсбук, беше објавено дека додека сточарите молат за парче земја, Неделковски располагал со пасишта со површина на која може да се сместат 250 игралишта и тоа за само 60 кози.
Според договор склучен во 2009 година, концесионер на површината е Натурал Фудс ДОО Градско и друштвото за продукција, Вондер Интернационал М ДООЕЛ Скопје, а во сопственост на Виолета Неделковска. Управител на Вондер Интернационал М ДООЕЛ е Миленко Неделковски, а и двете фирми се регистрирани на иста адреса.
Заменик-министерот потенцираше дека според овој договор, фирмата Натурал Фудс ДОО Градско, со само 60 кози располага со земјиште кое одговара на над 700 грла добиток.
Против Миленко Неделковски македонските судови имаат изречено и затворска казна од три години поради измама како сопственик на фирма што посредувала при вадење работни визи за Америка.
Судскиот совет на скопскиот Основен суд 1 го прогласи Неделковски за виновен за измама од околу 35.000 долари.
Според обвинението, водителот Неделковски, сопственик на фирмата “Супер-Б”, заедно со директорката и управителка во фирмата, во 2002 и 2003 година измамил четворица скопјани кои поднесле барање за добивање визи.
Тие им покажувале на клиентите документи на кои наводно пишувало дека биле застапници на американски емиграциски центар и посредувале за добивање работни визи и визи за престој во Америка.
Заинтересираните ги уплатиле парите, но кога по неколку месеци дознале дека се измамени, случајот го пријавиле во полиција.