Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Една година од масакрот кај Смиљковско езеро

0
By Сашка Цветковска on April 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 12, 2013 22:07

Нема скопјанец кого Железарското езеро не го асоцира на риболов. Или, немаше таков се од минатата година. Ноќта на 12 Април 2012 промени се. Железарското езеро повеќе никого не потсетува на спокојот кој со себе го носи спортискиот риболов.

Малото езеро во околината на селото Смиљковци единствено потсетува на смрт. Тажна и сурова смрт која од која последиците се уште висат на плеќите на македонското општество.

Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски таа априлска ноќ решаваат да ја посветат на нивното хоби – риболовот. Но, она што треба да биде една обична рибарска ноќ се претвора во кошмар.

Кошмарни се и деновите кои следат по обзнавувањето во јавноста дека Филип, Александар, Цветанчо и Кире се сурово убиени, односно стрелани на езерото заедно со средовечниот рибар Борче Стефковски, човекот за кој се претпоставува дека е убиен поради тоа што го сведочел ликвидирањето на децата.

Рано утрината се јавуваат и првите наслови во медиумите. Речиси и да нема наслов кој вели “Убија деца”, туку само наслови “Убија Македонци”. Последиците се неминовни – немирите почнуваат многу бргу. Иако полицијата се уште не излегува со информација за какво злосторство се работи, дали било етнички или верски мотивирани, започнуваат протести.

Полицијата бргу ја сфаќа сериозноста на ситуацијата и веќе станува јасно дека грозоморното убиство е на работ да предизвика и граѓанска војна ако не се постапува внимателно.

Се формира кризен штаб во министерството за внатрешни работи, а лично министерката Јанкуловска известува за деталите повеќе пати во денот. Полицијата е и на терен секаде каде што има и најмала можност за избувнување на било каков етнички судир. Дотаму,
работата е добро завршена.

Државата е во жалост, семејствата покосени од болка. Се бара правда. Се бара пронаоѓање на извршителите. Процес веќе има, но семејствата се уште го немаат одговорот – зошто беа убиени нивните деца.

Мајката на Борче Стефковски, Божана, за “Утрински весник” го поставува истото прашање.

-Секој ден му одиме на гробот, се’ уште не ни се верува дека го нема. Со сопругот ќе седнеме на маса да јадеме – се’ него го гледаме. Ќе си легнеме да спиеме – се него го гледаме. Ќе се рабудиме – се него го гледаме“, раскажува Стефковска во разговор за Утрински весник.

Набргу следеа и апсења. Се уапсија и жени кои потоа беа ослободувани, а тој чин донесе и нови протести, овој пат од страна на Албанската етничка заедница. Тие беа ослободени, но на крајот истрагата заврши со обвинети и со сега веќе славниот, но и долг и мачен процес “Монструм” во кој извршителите се гонат за тероризам.

Процесот се уште е во судска постапка и се чека екстрадиција на првообвинетите од Приштина. Досега се изведени посебните истражни мерки и сведочењето на судски вештаци и крим техничари форезинчари.

Според нивните сведоштва тие црвениот „опел“ најден на неколку километри од грозоморното убиство го однесоа на местото на настанот, а внатре во возилото на задното седиште е пронајдена и ДНК која се поклопува со ДНК на првообвинетиот за тероризам Алил Демири.

Земјата на калниците одговораше со хемискиот состав на почвата каде што беше пронајдено
мртвото тело на убиениот рибар. Во доказната постапка во видео материјал беше пуштено и сведоштвото на обвинетиот Хаки Азири даден пред истражен судија каде што во исказот го потврдува смиљковскиот масакр и ги посочува лицата кои го извршуваат тоа.

Но, на сведочењето во судот го повлекува исказот, а претходно, по негово барање го загуби и статусот заштитен сведок, па обвинителството го обвини за помагање тероризам бидејќи тој во обвинителниот акт фигурира како лице кое е дел од осомничените за тероризам и ги возело обвинетите.

Одбраната најави дека како сведоци ќе го повикаат министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, градоначалникот Жика Стојановски и пејачот Елвир Мекиќ кој дента снимал спот на езерото. Министерот и градоначалникот беа посочени од обвинетиот Фејзи Азири дека дента пред убиството се сретнал со нив во општината Илинден.

Монструм се уште предизвикува внимание. Обвинителниот акт е за тероризам, а семејствата бараат правда, но и одговори зошто.

Во меѓувреме, на Смиљковското езеро или популарно меѓу рибарите како Железарско, рибари има многу помалку. Трајан од населбата Бутел е стар рибар. Раскажува дека пред еден месец дошол прв пат на езерото по убиството.

-Беше морничаво да се доаѓа. Не можев. Не знам дали некој доаѓал, ама јас и моите неколку другари рибари не. Јас сум првиот од нив што дошол. И нема толку луѓе како порано, тоа сигурно можам да ви речам. А ноќе веројатно никогаш нема да дојдам, вели рибарот Трајан за Нова.

Родителите останаа без децата, државата претрпе уште еден удар поради кој едвај го одбрани мултиетничкото општество, а ноќите на Смиљковско езеро никогаш нема да бидат исти. Или како што би рекол Трајан, “ми се чини ќе им ги разбудам душите ако дојдам среде ноќ”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската поклиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

ВЕСТИ April 29, 2026

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти…

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026
ТИКЕР

Бугарската поклиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.