Зијадин Села од ДПА останува градоначалник на Струга. ДИК одби 13 од вкупно 17 приговори на ВМРО-ДПМНЕ за оваа општина.
Двата приговори поднесени од ВМРО – ДПМНЕ кои ги прифати ДИК немаат доволен број на гласови и не може да влијаат на конечниот исход.
Разликата меѓу Села и заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Владо Кочоски е без малку 5000 гласа.
Предходно во ДИК, Бедрадин Ибраими излезе со конкретни докази за гласачкото место 1885: Колку гласачи имало, фактот дека биле само од македонска националносt и гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
Ибраими смета дека фалсификатот потекнува од гласачкото место 1885 и тие податоци се крунски доказ за фалсификатот од Струга и побара од ВМРО-ДПМНЕ јавно да им се извинат на претседателот на ДИК Борис Кондарко и на Виолета Дума, како член на ДИК, но и на сите Македонци и Албанци кои живеат во Струга.
Доколку овој фалсификат не бил откриен од Ибраими и потпретседателот Субхи Јакупи, ќе поминел како регуларен изборен резултат.
Едната од двете глачки кутии веќе треба да пристигне во ДИК, бидејќи постои сомнеж за извршен фалсификат т.н. „бугарски воз“, односно дека во нив биле уфрлени повеќе гласачки од различни гласачки места.
Денот помина во жестоки расправии – Субхи Јакупи од ДУИ и Бедредин Ибраими од ДПА обвинија дека се гласа по етничка основа.
ДИК треба да разгледа и 252 приговори на СДСМ за 15 општини. По што последниот збор ќе го даде Управниот суд.