После полноќ пристигнаа гласачките материјали од избирачките места 1882, 1885 и 1911 од општина Струга.
При проверка на изборните материјали се утврди дека гласачките ливчиња кои потекнуваат од изборното место 1885 не недостигаат.
На изборното место 1911 пронајдено е гласачко ливче од изборното место 1885, при што е констатиран фалсификат.
Исто така, фалсификувано гласачко ливче е пронајдено и во изборното место 1882.
На едното од сомнителните фалсификувани гласачки ливчиња заокружен е кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека на другото каднидатот на ДПА.
Според членови на ДИК ова фрла сомневања дека гласањето познато како „бугарски воз“ или „див зајак“, се случило и во други изборни места во Република Македонија.
Атмосферата во Државната изборна комисија, како и моментот кога е откриен фалсификатот погледнете во видеото.