НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фамилијата на малиот Алмир апелира на смиреност

2
By Нова ТВ on July 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Анеса Алити, ПортАлб

Текстот е достапен на албански јазик на следниот линк.

Домашната јавност е потресена од веста за смртта на четиригодишното дете од Куманово, Алмир Алиу кое пред неколку дена беше намерно удрено со автомобил од Б.И, по банална расправија со таткото на детето во близина на кумановската болница.

Илјадници жители на Куманово и на многу други места, меѓу кои и многу политичари и уметници беа присутни на градските гробишта за да се збогуваат за последен пат со Алмир.

„Веќе една недела чекаме, имавме надеж дека ќе го видиме жив, дека ќе ни се врати. Но вчера по 5:30 ме известија дека Алмир починал. Навистина се работи за многу тежок случај со кој тешко е да се справи човек… Алмир навистина беше мило дете. Беше неодоливо дете, неговото однесување беше импресивно. Тоа само ни ја зголеми болката“, рече еден близок роднина.

Случајот да не се партизира

Во разговор со новинарката, роднините на починатиот велат дека не сакаат случајот да се партизира, односно некој да ги посети за политички поени. Тие не поддржуваат протест, кој според нив, би можел да поттикне понатамошни инциденти или меѓуетничка омраза.

Според нив, конфликтот помеѓу Седат Алиу, татко на Алмир и обвинетиот, започнал во болница, тие не се познавале претходно.

Инцидентот се случил ненадејно, откако Седат и го пропуштил редот на една повозрасна жена и не постоела никаква поврзаност со меѓуетничка омраза или со нешто слично.

„Нема потреба од протести. Тоа што требало да се случи, се случи. Ние немаме работа со лицето што го згази Алмир, со него сега си има работа државата. Му оставаме на судот, судот да ја одлучи правдата“, велат роднините на малиот Алмир.

И покрај повиците на фамилијата случајот да не се политизира, за денеска во Куманово е најавен протестен марш поради убиството на малиот Алмир.

Протестниот марш ќе се одржи под мотото „За правда“, а организаторите бараат целосно расветлување на случајот со малиот Алмир.

„Овој протест се одржува со намера да се крене гласот против сите оние кои се обидуваат да ја убијат нашата иднина, нешто што никогаш нема да го дозволиме. Секој кој извршил такво дело треба да бидат казнет со максимална казна“, се вели во повикот за протестот.

Куманово потресено од смртта на малиот Алмир

Низ кумановските улици не може да се најде човек кој не слушнал за смрта на четири годишното дете и кој не е потресен од целата случка. Куманово е познат град за добриот соживот на населението кое му припаѓа на различните етнички и верски заедници и жителите се убедени дека овој случај е несреќен случај и не треба да се толкува дека станува збор за меѓуетничка омраза.

Сепак, на прашањето дали овој случај може да претставува опасност за соживотот, граѓаните имаат различни мислења: дел стравуваат дека може да преставува опасност, додека останатите се убедени дека нема да влијае врз нивниот однос со сограѓаните од другите етнички заедници.

„Мислам дека овој случај не е случаен, туку дека е како резултат на пасивноста на нашите политичари. Тие требаше постојано да работат со цел обичните граѓаните да знаат да се почитуваат едни со други, да се однесуваат одговорно.

Колку што јас знам, согласно законот, само за еден шамар следува казна од 500 евра. Доколку овој закон се почитуваше еднакво како за нас, така и за нив, состојбите ќе беа поинакви: Секој ќе се контролираше пред да крене рака врз некој друг, а уште повеќе да изврши убиство“, вели еден од граѓаните на Куманово.

Авни Рахмани, пријател на семејството Алиу, вели дека ваквите инциденти се случуваат бидејќи не се казнуваат сите на еднаков начин, односно не се казнуваат оние кои имаат ‘силен грб’.

„Слушнав дека за жал се случило најлошото. Не верувам дека ќе доведе до некаква опасност, бидејќи вакви нешта се случуваат и на други места. Не значи дека еден случај ги засега сите. Тоа се случило случајно да речеме, се сретнал со психопат. Истото можело да ми се случи и мене“, додаде тој.

Друг граѓанин на Куманово, Албан Красниќи вели дека Албанците се потресени од тоа што го пренеле порталите за случајот.

„Без разлика како се чуствуваат албанските политичари, кои се на нивните работни места и земаат плати а воопшто не се интересираат за народот, особено за градот кој е потресен од настаните на 9-ти мај.

„9 Мај е ден кој никогаш нема да се заборави, кој ги потресе не само Албанците од Македонија, туку и целиот свет, секаде каде што живеат Албанци“.

Според Ненад Димовски, не се работи за меѓуетничка омраза, туку за несреќа. „Ова нема да го наруши соживотот, барем јас така мислам. Се надевам дека ова ќе биде прв и последен ваков случај. Несомнено дека имам пријатели и соседи Албанци и само добри работи можам да кажам за оние што ги познавам. Овој случај нема да го наруши односот меѓу нас“, додава тој.

„Искрено многу се вознемирив. Но што да се стори?! Ова се случи неочекувано, се работи за моментална несреќа“, изјави Висар Алими, малолетник кој смета дека овој инцидент може да го наруши соживотот, бидејќи според него Албанците знаат да простат но Македонците се поразлични. Сепак тој има пријатели од други етнички заедници, со кои има многу добри односи.

Според Сузана Ангеловска, не смее да се дозволи случката да го влоши соживотот во Куманово. „На вести слушнав. Не верувам дека е од етничка побуда. Мислам дека  сторителот е непресметлив, значи според мене е болен. Такво нешто може само болно лице да изврши. Работам во приватна аптека. Со Албанци работав веќе 20 години. Најдобри односи има со нив… Но верувам дека соживотот може да биде доведен во опасност. Се работи за болен човек, но за жал може да се случат такви состојби. Сепак сметам дека треба да сме свесни и да најдеме сили да ги надминиме овие случувања сите.“

Дамјановски: Нема простор за етнички тензии

„Превентивниот совет за безбедност е совет што го формира Општината и во него членуваат обивителството, полицијата, советниците, невладините организации итн. Тој има превентивна улога. Се собравме за да одлучиме какво значење да му дадеме на овој случај за да не излезе од контролла и да не се случат етнички тензии. Тука всушност се случила тепачка помеѓу две групи, кои имале недоразбирање по што сторителот згазил дете и му го одзел животот. Тој е во притвор и ќе се донесе пресуда.“ – изјави градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, кој на прашањето дали ќе бара максимална казна одговори „Кој да бара?! Тоа треба да биде барање на обвинителството. Ние имаме само превентивна улога, не судиме, немаме судска улога. Преземаме мерки со цел да нема меѓуетнички тензии. Во овие услови не може да прејудицираме каква ќе биде казната.“
„Сметам дека се работи за конфликт помеѓу две лица, помеѓу две групи и нема никаква етничка основа, знаејќи дека на местото на настанот се случила кавга помеѓу двајца граѓани. Значи немало недорабирање од етничка природа“, додаде тој по прашањето дали инцидентот може да го доведе во опасност соживотот.

Анеса Алити
Сторијата е изработена во соработка помеѓу ПортАлб и НОВА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.