Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ Собрание: Новинарите се експлоатирани како стока

0
By Сашка Цветковска on April 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 13, 2013 14:31


Ние сме третирани како стока, нашиот глас е безвреден и мора нешто да се стори околу тоа, вакви пораки испратија десетици новинари на денешното неизбирачко собрание на Здружението на новинари.

Главен акцент во расправата се стави на новиот закон за медиуми во подготовка.

Претседалот Насер Селмани вели дека ЗНМ нема да потклекне под притисоците, а нивните барања за јавна расправа која би траела околу 5 до шест месеци остануваат.

-Ние имаме поддршка и повеќе амбасади во земјата, а владата нека си ја голтне суетата и нека одговори на нашите барања, порача Селмани.

Локалните новинари се жалеа на силните притисоци од институциите во местата каде што работат.

Новинарот Менде Диневски од Битола рече дека притисоците се толку силни, што им се забранува и влез во одредени кафеани.

„Нас новинарите не бркаат и од хотелот Епинал само поради тоа што на газдата не му се допаѓа тоа што го пишуваме. Ние му поднесовме и кривична пријава со која не знаеме што се случува, а тие нам ни поднесоа кривична пријава за лажна пријава. Кажете ми каде ние ќе ја бараме правдата, рече Динески, новинар од Битола.

Новинарката Жанета Здравковска, дописник за Радио Слободна Европа од Битола рече дека се соочуваат со бојкот од институциите.

„Се формираат групи подобни новинари кои се викаат на прес конференции, а другите воопшто не добиваат покани. Теми станаа само пресовите на општината, проблемски теми нема.

– Ќе излезат функционерите и ќе речат нема поплави и новинарите седат дома. На што личи тоа, какво новинарсто е тоа, зарем не можат да излезат на терен и да видат дали има поплави?, кажа Жанета Здравковска

Со остра реакција и обвинувања за односот на јавниот сервис кон овој настан се јави и новинарката од МТВ Фиљана Кока.

„Барам да се опомене раководството на МТВ, не може два тројца таму да одлучуваат кога и каде ќе се пушти камера, ние мора да си ја извршуваме работата на јавен сервис. На вестите вечерва се канат гости од параздружение со десет члена за да дискутираат за законот за медиуми, а одбиваат уредниците да пратат камера на овој настан.

– Иако беше замолен менаџментот, тие не пратија камери денес. Барам од Вас да се опоменат за своето однесување“ , рече новинарката од МТВ Филјана Кока.

Новинарот од Штип Иван Бојаџиски се придружи кон бараањата на неговиот колега од Алфа, Зоран Фидановски, да не се влегува во дијалот со владата додека не се расчисти инцидентот од 24 Декември.

„Новинарите се најексполатираната стока која работи за сто евра. Ние треба да ги диктириме општествените процеси, а еве на што сме сведени и додека не се расчисти овој случај од 24 Декември никакви преговори со никого! Минатиот пат од овде дојдовме три делегати, сега сме 18. Тоа нешто говори. Време е да се освестиме, рече Бојаџиски

Новинарите предложија да се направи и црна и бела листа на институции, посочувајќи дека нивната транспарентност е огромен проблем.

Главен фокус на расправата беше ставен на новиот закон за медиуми.

Горан Трпески од ЗНМ вели дека е спорно агенцијата и општински претставници да одлучуваат за тоа дали некому му е нарушен моралот.

„Погледнете го тој член, некои луѓе од општина ќе одлучуваат кому и дали му е повреден моралот. Не може да постои член кој регулира таков нешто како повреден морал”, вели Трпески.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.