Македонскиот бизнисмен Светозар Јаневски откри дека ја продал Скопска пиварница затоа што му се смачиле постојаните, бројни инспекции, како единствен начин да ги одвратат од компанијата.
Јаневски во интервју за “Патот до успехот” на 24 Вести ТВ, образложува:
“Секоја власт сакаше да го пика носот во приватизацијата на Пивара. Од 95-98 контролите не излегоа од Пивара барајќи да се пронајде било што. Се понатака, што е правено, по три големи контроли, понатаму е само превртувано. Тоа е наш синдром“, вели Јаневски.