НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Една свадба и два милиони погреби

0
By Биљана Секуловска on July 9, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Ова се последните денови на Груевски. Неговото одење на свадба во Италија, стапнувањето на сицилијанско тло, има симболичко значење.

Низ своето владеење, тој беше главниот организатор на два милиони погреби. За  него тоа беше весел, безгрижен период на десетгодишно владеење, но, внимавајте. Тој никогаш не присуствуваше на самиот чин на погребувањата, но скоро секогаш, а можеби и навистина во сите случаи, ја надгледуваше елиминацијата на секој поединечно- тоа секогаш мораше да биде гласно умирање.

Грижливо спакувани два милиони граѓани, во една заедничка, збрда- здола потапкана со земја гробница, со дозвола за една надгробна плоча од Управата за два милиони погреби и една сицилијанска свадба. На неа само штуро пишува: Тука почива секој што не припаѓа на Фамилијата. Подоцна ќе видиме дека има таа брои само пет членови. Се друго, секој друг е жртвуван и потенцијален жолтеникав канаринец, оној со свитканиот врат, тутнат во коверта и испратен како поздрав дека следниот час веќе нема да се преживее.

Никој повеќе не се бави со историјата на мафијата, ионака ја имате читано Гомора на  италијанскиот новинар Роберто Савиано, романот за славниот сицилијански обичај- ако не сте мафија, вие и одамна не сте меѓу живите.

Но, што е со свадбата на која замина Груевски со семејството: од неговата десна страна тука е неговата мајка, деноноќна придружничка и единствена на која и верува и заради која и се заврши со една масовна погребална церемонија. Сопругата и двете деца секогаш се излишни за дополнителни коментари- пристојноста во принцип налага премолчување, особено кога деталите се непознати засега.

Новинарите и историчарите се главните извори на архивите, сега е подобро да се прескокне оваа чувствителна тема за семејството, за да се остави простор за незгодната и неизвесна иднина, на која никогаш не би се кладела- колку добро стои со пристојноста.

Но, ако само набрзина ги премотате сликите и страниците од весниците, или ги разлистате порталите, ќе наидете на еден значаен час од кој се се одвива прилично брзо, недоволно добро за иднината на Груевски.

Тој час за кој ви говорам се всушност тие 60 минути кои го делат германскиот амбасадор Хајндл- го соочуваат со сознанието дека нема да има средба со Груевски. Неговото доаѓање е планирано, средбите на Хајндл се брзи и комотни, но само еден час пред да има средба со Груевски, соопштено му е дека таа нема да се реализира.

Само еден час пред средбата со човекот кој ја одбра свадбата во Италија, наместо заедничка маса со Хајндл, е патоказ за тоа како се движи Груевски во следниве недели.

На Груевски се му е јасно. Дека мора да си оди од партијата- тоа му е кажано многупати.

Но, шпекулациите се мајката на неговото заминување, оние информации и докази кои исто така му се кажани и кои го смрзнуваат: има некакви неверојатни приказни за сведочења за шверц на оружје и тоа на најзначајните членови на Фамилијата, потоа следуваат чудни сведоштва за шверц на дрога, некаде се споменуваат и паралелни затвори и мачилишта. А јавноста е запозната само со добро организирани ланци на перење пари, фиктивни и добро разработени фирми кои го покажуваат трагот на парите, со само еден клик на компјутерот. Груевски е подготвен да си замине, само ако му се каже дека секој фајл од неговото владеење ќе биде избришан, закопан, уништен, запален.

Ерата на Груевски ќе заврши тогаш, кога тој ќе добие цврсти докази дека ќе може безгрижно да присуствува на сите сицилијански свадби, макар стоел и понастрана, во предворјето, тоа е рангот на послугата. Тоа е неговиот услов до странците- да исчезне од нашата меморија.

Условот на шарените револуионери е познат исто така- секој погреб, оние два милиони за кои е тој одговорен, да биде јавен и егзекуторот да биде присутен на чинот на откопувањето. Затоа што, се повторно ќе се роди, секоја пора од кожата ќе се отвори и повторно ќе заживее, ако јавно биде објавен виновникот и биде ставен на обвинителна клупа.

Тоа е условот на шарените- ќе си лежите, велат тие, затоа што секое друго сценарио е ново умирање и нов масовен погреб на оние два милиони луѓе кои умираа, без да бидат исплакани.

 

Фото: Торта на свадба на член од мафијата- подарок и поздрав од неговиот крвен непријател

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.