Донирајте за бебето Најден
Граѓаните денес во Градскиот парк кај Школка ќе може да донираат за бебето Најден, кое беше фрлено со пресечен јазик во куќа во Арачиново.
На местото ќе има табла со натпис „Донација за Најден“ и секој граѓанин ќе може да донира пари и други бебешки работи, по завршувањето на женската трка.
Се препорачува донациите да бидат спакувани во картонски кутии, а организаторите ќе ги однесат подароците на клиниката по 14 часот.