Претседателот на Управниот суд Хусамедин Лимани поднесе оставка по одлуката на Судот да ги прифати тужбите на ВМРО-ДПМНЕ за општина Центар, јавува Капитал.
Управниот суд досега прифатил над 15 тужби поднесени од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за изборниот процес во општина Центар.
Со ова извесно е дека ќе има прегласувања на повеќе избирачки места.
Со одлуките кои Управниот суд досега ги донесе се поништуваат гласачки места на кои има регистрирано над 6 илјади гласачи, а разликата меѓу Андреј Жерновски и Владимир Тодоровиќ во вториот круг од гласањето беше 981 глас.
ДИК пред пет дена одлучи да ги отфрли како неосновани 66 приговори од ВМРО – ДПМНЕ за кандидатот на опозицијата Андреј Жерновски за градоначалник на Општина Центар.
ВМРО-ДПМНЕ до Управниот суд поднел 34 тужби за општината Центар.
Одлуката на Управниот суд е конечна.
Најголемиот дел од приговорите на ВМРО – ДПМНЕ поднесени до ДИК за прекршување на изборниот процес се однесуваа на попречувања на тајноста при гласањето и агитирање.