Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предвремени парламентарни избори на 11 декември?

0
By Нова ТВ on July 17, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 17, 2016 22:57

Предвремените парламентарни избори во Македонија би можеле да се одржат на 11 декември годинава, ако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во текот на неделава се договорат за последното спорно прашање – ингеренциите на министерот за внатрешни работи во преодната влада, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во преговарачките тимови.

Најновата пречка што се појавила во петокот била идејата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, министерот за внатрешни работи што ќе биде надлежен за спроведување на изборите да отстапи од функцијата веднаш по спроведувањето на изборите. СДСМ не се согласила и по шестчасовните разговори во петокот, преговорите беа прекинати и неизвесно е дали ќе продолжат и утре.

Владејачките партии предлагаат, ако изборите се одржат на 11 декември, веќе на 12 декември министрите што ќе бидат избрани за спроведување на изборите веднаш да си дадат оставки, за да се спречат манипулации во периодот до собирањето на новото Собрание и изборот на нова Влада. Образложението на владејачките партии е дека таа влада има задача само да спроведе избори, а не и да владее, а СДСМ се плаши тоа да не биде искористено за манипулирање при броењето на гласовите.

Сите ингеренции до свикување на новиот собраниски состав и изборот на нова Влада би преминале повторно кај дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, кој е предложен од владејачката партија.

Се проценува дека ако се постигне договор оваа недела, има доволно време Државната изборна комисија да ја спроведе и активната регистрација на спорните 40.000 гласачи околу кои партиите веќе се договориле. Партиите се договориле и за посебното тело за мониторирање на медиумите во предизборниот период, па дури и да изберат уредник на информативната програма на јавниот сервис МРТВ, кој треба да го предложи СДСМ.

Викендов беше оставен простор за внатрепартиски договарања, по што ќе се знае дали преговорите ќе продолжат во понеделник.

декември предвремени избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

ВЕСТИ June 12, 2026

Прва награда за уметничко остварување во целина за претставата „Страв и надеж“ на јубилејното 60.…

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.