По вчерашното прифаќање на 32 тужби на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Управен суд, во недела се оди на трет круг од локалните избори во дел од изборните места во скопската општина Центар и Струга.
Во Центар во недела се прегласува во следниве избирачките места:
Во основното училиште „Кочо Рацин“ на улица Водњанска, ќе се гласа на избирачките места 2796, 2797, 2799. Во Медицинското средно училиште „Панче Караѓозов“ ќе се врши прегласување на изборното место 2802.
Во Домот за деца без родители „11 Октомври“ ќе се гласа на изборното место 2805.
Во ДСУ За рехабилитација и образование „СВ. Наум Охридски“ ул. Васил Ѓоргов ББ ќе се прегласува на избирачките места 2806, 2808, 2810 и 2811.
Во Дом на АРМ на улица „Македонија“ ќе се гласа на избирачкото место 2815.
Во ОУ„Димитар Миладинов“ на бул. „Кочо Рацин“ ББ ќе се гласа на избирачкото место 2817.
Во ОУ „Кирил и Методиј“ до Универзитетската библиотека, пак, ќе се гласа на местото 2822. Во основното училиште „11 Октомври“ на ул. „Мирче Ацев“ ББ ќе се гласа на избирачките места 2832 и 2833.
Во Работнички универзитет, на улицата „Моша Пијаде“ ББ ќе се прегласува на избирачкото место 2839, додека во просториите на Работничкиот универзитет на ул. „Христо Смирненски“ 28 ќе се гласа на изборното место 2842.
Во ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ на улицата Апостол Гусларот бр 3 ќе се гласа на избирачките места 2843, 2845, 2847.
Во основното училиште „Гоце Делчев“ на улица Мито Хаџивасилев – Јасмин бб ќе се гласа на избирачките места 2848 и 2849.
Во Фудбалски сојуз, на улица „8 Ударна бригада“ 31 ќе се гласа на местото 2845, додека во
Дом на градежните работници на Митрополит Теодосиј Гологанов ќе се прегласува на избирачките места 2855, 2856.
Најмногу гласачи в недела од 7 до 19 часот ќе има во основното училиште „Коле Неделковски“ на улица 229, бр. 8, 2861, 2862, 2863, 2866 и 2867.