Српскиот весник „Данас“ ексклузивно открива што има во сефот на Тито во Народната банка на Србија, кој минатата недела беше отворен од Државната комисија.
Според информациите кои биле доставени во претседателството на СФРЈ на 28 јуни 1982 година, од Меморијалниот центар “Јоспи Броз Тито” на Народната банка на Југославија и било предадено:
– Златни прачки и прав, со вкупна тежина од 29.366 килограми.
– Златници, мали и големи, вкупно 2.663 парчиња.
– Предмети од злато и дијаманти кои припаѓале на семејството Караѓорѓевиќ, вкупно 149 парчиња.
– Нумизматички монети од голема вредност, вкупно 1.271 парчиња.
– Одличија кои припаѓале на семејството Караѓорѓевиќ, 13 парчиња.
– Прибори за јадење од сребро и позлатено сребро, вкупно 18 комплети.
– Предмети со помала вредност како кутии за цигари, медалјони, приврзоци и други предмети, вкупно 83 парчиња.
– Готовина во странски валути: 29.219 американски долари, 36.000 германски марки и 2.200 дански круни.
Бидејќи, според одлуката на Претседателството на СФРЈ дел од тие предмети можеле да бидат претворени во државни резерви на Народната банка на Србија или дури и да бидат продадени на аукција, можно е дел од работите кои се на списокот да не се наоѓале во сефот во монетот кога државната комисија го отвори.
Вниката на Тито, ќерката на Жарко, Светлана Броз најави дека преку адвокат ќе поднесе тужба против претседателот на Србија, Томислав Николиќ поради кршење на европската конвенција за човекови права и правата на правично и фер судење во оставинска постапка, затоа што никој од титовите наследници или предтсваник од Основниот суд не биле повикани на отворање на депото.
-Претседателот на државата си дава себе си за право да формира некаква комисија која навлегува во приватната сопственост на еден починат човек, чија оставинска постапка не може да заврши цели 30 години, изјави Светлана Броз.
Според неа Николиќ се поставува себе си над судската власт и затоа таа е подготвена да оди и до Меѓународен суд за правдата во Стразбур