НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На што се жалеше владејачката партија?

0
By Нова ТВ on April 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Жестока и тензична атмосфера, придружена со жолчни расправи – вака државната комисија пред пет ден одлучуваше за приговорите на ВМРО ДПМНЕ за општина Центар.

Но, на што всушност се пожали владејачката партија?

Притисоци врз гласачите, нарушување на јавниот ред и мир на гласачките места, недозволена проверка на документи и фотографирање на податоци за да се искористат за доставување до медиумите, вербални и физички притисоци на лица кои гласаат.

Ова владејачката партија го користеше како аргумент. Се се вртеше околу Пустец и гласачите од Пустец беа центарот на вниманието. Речисите сите аргументи беа дека токму ним им било нарушено гласањето.

Работата отиде дотаму што претставникот на ВМРО ДПМНЕ во ДИК, во еден момент ја стави и под знак прашалник легалноста на гласачите од Пустец, иако токму опозицијата обвини дека нивниот престој овде е организиран од власта.

Но што содржеа приговорите?

Избирачко место 2839. ВМРО ДПМНЕ приговара дека е нарушена тајноста на гласањето од страна на претставник на СДСМ кој ги одземал и личните карти на гласачите чии податоци ги читал по мобилен телефон. Во рок од пет часа по составувањето на записникот забелешките се доставени до Општинската изборна комисија од страна на овластениот претставник на ВМРО ДПМНЕ. Но, наместо конкретни забелешки доставен е празен бел лист хартија потпишана од претставникот без да биде внесена ниту забелешка.

ДИК го одбива приговорот како неоснован бидејќи не се доставени докази за она за што се приговара.

Најголемиот дел од приговорите се одземањето на личните карти на гласачите од Пустец и нивна идентификација и запишување на бројот на личната карта. ДИК ги одбива приговорите со образложение – идентификација на гласачко место е дозволена и тоа не е основ за поништување на гласањето.

Сепак, ВМРО ДПМНЕ решава да се жали на Управен суд. Управниот суд ги поништува повеќето од одлуките на ДИК. Во Центар повторно ќе се бира градоначалник. По трет пат граѓаните на Центар ќе одлучуваат. Но, останува горчливото прашање – ќе дојдат ли пак гласачите од Пустец?

Луѓето како Вангел Јанкула од Пустец можеби ќе дојдат а можеби и нема да дојдат да помогнат нечија победа во третиот круг. Но тие ќе останат илустрација за безмислоната битка за освојување на Центар, општината татковина на мегапроектот „Скопје 2014“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.