Амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли со чие посредство партиите потписнички на Договорот од Пржино вчера успеаа да постигнат компромис денеска на Твитер го поздрави напредокот.
-Честитки за Македонија за Договорот од 20 јули – шанса за демократија, напиша Бејли на Твитер.
Congratulations #Macedonia on the July 20 Agreement – An opportunity for democracy! https://t.co/ZJ0fnbYmEg
— Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) July 21, 2016
Вчера и Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан вечерва преку својот профил на Твитер го поздрави постигнатиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.
„Добри вести и од БЈРМ: Политичките партии постигнаа договор за отворените прашања во разговорите за Договорот од Пржино. Тоа е важен чекор за да се стави крај на политичката криза. Сега треба импулс за да се сочува договореното. Целосна имплементација на реформите е клучот за одржлив напредок“, пишува Хан.
Партиите по повеќедневни средби вчера се договорија техничката влада да биде формирана 100 дена пред одржувањето на изборите.
Следната средба на партиите да се одржи до 31 август и тогаш да направат проценка на имплементацијата на Договорот и да закажат датум за избори.
Законските решенија донесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои се однесуваат на министерството за внатрешни работи и ингиренциите на министерот се суспендираат до 1. јануари 2017 година.
Од деновите од објавувањето на резултатите од изборите, до формирање на новата Влада, министерската функција во МВР за првпат во историјата ќе ја извршува Албанец од редовите на ДУИ.