НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесплатни автобуси, револтирани генерации

0
By Нова ТВ on April 16, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Ваквите расправии станаа честа појава во скопските автобуси. Откако пензионерите добија бесплатен автобуски превоз, излегоа на виделина револтот и потиснатите емоции, и кај нив и кај младите.

Едните револтирани од односот на новата генерација, другите пак гневни на системот кој се чини многу повеќе вложува во возрасните, наместо во идните носители на општествените промени. За да биде состојбата уште поалармантна, ако некогаш тепачките по автобуси беа „резервирани“ за младите бунтовници, сега тие се сведоци на се почести пресметки меѓу самите пензионерите, и тоа не само вербални .

Високиот праг на толеранцијата, која отсекогаш бил одлика на македонските граѓани, полека се намалува, вели социологот Татјана Стојановска Иванова.

Најстрашно е во вторник и во петок, тогаш гужвите се најстрашни. Генерацискиот јаз станува се подлабок, размислувањата спротивставени. Пензионерите се задоволни што владата вложува во нив, од бесплатното бањско лекување, посетите на музеи и театарски претстави, па се до автобускиот превоз.

Младите пак имаат чувство дека се маргинализирани, посебно студентите.

Дека има реален проблем, потврдува и професорката Стојановска Иванова. Посебно во вторник и петок кога студентите доаѓаат на предавања, веќе уморни од гужвата, споделените рецепти и прекорувања од возрасните.

И додека пензионерите веруваат дека сториле доволно во својот живот и сега треба да уживаат во него, па макар и со користење на бесплатниот автобус, револтот кај младите станува посилен. Вчера беше објавен нов повик со кој 10 000 пензионери добиваат бањско-климатска рекреација. Ја плаќа државата. За бесплатниот превоз на возрасни лица во вторник и петок, од буџетот на Град Скопје беа одвоени 25 милиони денари. Дополнителни 10 милиони беа дадени и за слободниот превоз во сабота.

Истовремено, студентските стипендии редовно доцнат, над 50% од младите се невработени, а студентите сами си плаќаат и за автобускиот превоз, независно од тоа кој ден се возат со ЈСП.

Автор: Јасмина Јакимова

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.