НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот на СПУКМ, Поповски: Нема да има нови студентски избори

0
By Нова ТВ on July 26, 2016 ПОЛИТИКА
Фото: Факултети.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Тамара Јовановска

Новоизбраниот претседател на СПУКМ, Давор Поповски за НОВА вели дека нема да се повторат изборите за студентски лидер. Изборите поминаа во скандалозна атмосфера, со турканици, инциденти и силно присуство на полицијата.

„Следните избори ќе се одржат за две години, а дотогаш ни претстои сериозна и макотрпна работа. Крајно време е обединети да настапиме пред институциите без поделби, вакви или такви, сè со една цел, подигање на студентскиот стандард “, вели Поповски.

НОВА вчера објави дека легитимноста на студентските избори кои се одржаа во скандалозна атмосфера, а воедно и легитимноста на СПУКМ ќе се одлучува во наредните два месеци.

По сите инциденти и нерегуларности кои се случија на изборите, голем број од студентите бараат поништување на истите.

Според Поповски, бројката на излезност на изборите е за почит.

„На УКИМ според IKnоw системот, кој го користат сите факултети, последниот, летен семестар, го имаат запишано нешто повеќе од дваесет илјади студенти, па така излезноста на изборите од 25% треба да се респектира.

Мислам дека крајно време е да престанеме да манипулираме и да шириме непроверени информации кои се на ниво на шпекулации, со цел оцрнување на личност или организација. Јас веќе почнав со реализација на мојата програма и крајно време е обединети да настапиме пред институциите без поделби на вакви или такви, сè со една цел, подигање на студентскиот стандард, како и заеднички да допринесеме за зајакнување на капацитетите на нашиот Универзитет“, вели Поповски.

СПУКМ студентски избори

Скандалот кој се случи на студентските избори во кој се вмеша и полицијата сè уште во воздух го одржува прашањето колку тие беа легитимни и кој ќе преземе одговорност за случувањата.

Легитимноста на контроверзните студентски избори, проследени со расправии и насилство, на кои за нов претседател на СПУКМ беше избран Давор Поповски, ќе се одлучува во следните месеци, изјавија вчера од Студентски пленум.

Од пленумот велат дека на претпоследниот универзитетски Сенат е одлучено да се формира Комисија за истражување на случувањата и за промени во Статутот на УКИМ. Во комисијата ќе учествуваат седум професори, двајца членови на СПУКМ, како и двајца членови на Студентскиот Пленум.

Засега се чека реакцијата на УКИМ и Сенатот а во меѓувреме Студентски Пленум ги разгледува и правните аспекти на прекршувањето на автономијата на Универзитетот, како и на човековите права од страна на полицијата.

Иако го побаравме новиот ректор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Никола Јанкуловски за коментар за тоа дали УКИМ ќе преземе свои мерки за она што се случи за време на студентските избори, но засега тој не е достапен за коментар.

„Насилното однесување и влегување на Единицата за брзо распоредување на МВР во просториите на СПУКМ, кои се под универзитетска сопственост се недозволиви и тоа е прекршување на автономијата на УКИМ”, велат од Студентски пленум.

Тие по институционален пат ќе се обидат да добијат правда за физичките повреди на студентите, за кои веќе имаат извадено и лекарски уверенија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.