Опозициската СДСМ реагира за пост фестум издавањето на правно мислење од страна на министерот за правда Валдет Џафери за евробврзницата издадена од Министерството за финансии.
– Тендерската коалиција ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ проработи и во незаконското издавање на еврообврзницата. Министерот за правда Валдет Џафери очигледно притиснат, подметна грб во обид за спасување на министерот за финансии Кирил Миновски од кривична одговорност, што е невозможна мисија. Џафери, според информациите на СДСМ, издал пост фестум правно мислење за веќе издадената еврообврзница од 450 милиони евра, но ова е противзаконски, реагира СДСМ кој претходно најави кривични пријави за Миновски и заменичката за правда Билјана Бришковска.
Според нив, Џафери со ова исто така влегува во кривично дело, заедно со Миновски и Бришковска.
– Која е цената што ја испорачал Ахмети на Груески за жртвата на ДУИ во незакоснкото издавање на еврообврзницата ќе се види. Посочуваме дека во Буџетот на РМ сеуште во ставката странски задолжувања стои износот од 370 милиони евра за цела 2016 година. Со издавањето на еврообврзницата прекршени се Законот за буџет, Законот за Влада, Законот за јавен долг и Кривичниот законик на РМ. Од денеска јавниот долг ќе изнесува 5 милијарди евра или скоро 52% од БДП, реагира СДСМ кој потенцира дека сите инволвирани ќе одговараат за финансиско злосторство врз граѓаните на Република Македонија.




