Според СДСМ, со издавањето на евробврзницата од 450 милиони евра, министерот за финансии Кирил Миновски и заменик-министерката за правда Билјана Бришковска извршиле кривично дело бидејќи не побарале мислење од министерот за правда, по што најавија дека ќе поднесат кривични пријави за нив двајца.

Од Финансии пак, велат дека мислење од Валдет Џафери се бара тогаш кога парите ќе легнат на сметка.

*Гордост и предрасуди: Зошто се задолживме 450, а не 650 милиони евра?

Министерството со кое раководи Миновски, најави тужби до сите кои со клевета го нарушиле мегународниот углед на земјата.

Вчера најголемата опозициска партија упати ново писмо до четирите банки преку кои се одвиваше издавањето на еврообврзницата, во кое ја приложуваат изјавата на министерот Џафери во која тој потврдува дека никој од Министерството нема побарано правно мислење за новото задолжување.