НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советник на Тодоров со две функции во Министерството за здравство

1
By Менче Атанасова Точи on August 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советникот на министерот за здравство, Јован Грповски е назначен за раководител на Проектната единица на Банката на Советот на Европа и тоа е класичен судир на интереси, тврдат извори за НОВА од Министерството за здравство. Проектната единица е продолжена рака на Министерството и преку неа се одвиваат сите проекти кои се финансирани од Банката на Советот на Европа. Од оваа Банка во здравството се земаат сите кредити за изградба и реконструкција на болници, откако престана соработката со Светска банка. Извори за НОВА од Министерството велат дека во случајот има конфликт на интереси бидејќи државен службеник од највисок ранг не може да врши две функции, односно дека државни службеници не смеaт да се ангажираат за хонорари на проекти.

За да ја провериме информацијата, НОВА одговор побара во Министерството за здравство. Од таму не негираат дека Грповски ги извршува двете функции, но потенцираат дека ангажманот  во Проектната единица е дополнителен хонорарен ангажман.

„Државниот службеник на кој се однесуваат вашите прашања е вработен во Министерство за здравство како државен советник, додека ангажманот во Проектната единица за реконструкција на ЈЗУ во РМ е дополнителен хонорарен ангажман, кој што не претставува вработување. За истото е добиено одобрување од Банката за развој при Советот на Европа поради претходното работно искуство (на вакви и слични проекти), а исто така е добиено и мислење од Министерството за информатичко општество и администрација“, се вели во одговорот од Министерството за здравство.

MZ-foto

За разлика од Министерството за здравство правните експерти кои ги консултираше НОВА тврдат дека државните службеници не се смеат да се ангажираат како експерти за хонорари и дека таквиот ангажман преставува конфликт на интереси. Експертите потенцираат дека оваа материја е регулирана со Законот за спречување на судир на интереси и согласност за ова не треба да се бара од Министерството за информатичко општество и администрација. Според професорката од Правниот Факултет Ана Павлова Данова,( која не се фокусираше на овој случај туку се обиде правнички, генерално да ги објасни ваквите појави), ваквиот ангажман претставува конфликт на интереси, јавниот кој што е должен да го застапува како службеник и неговиот личен, финансиски.

„Државните службеници не се ангажираат за хонорари на таков вид проекти. Тие се должни тоа да го работат во рамки на својата службена должност. Доколку им треба некаков вид на одобрение за таков ангажман (толкување дека нема судир на интереси) тоа може да се побара во Антикорупциска комисија, а  такви согласности не е надлежно да издава Министерството за информатичко општество“, изјави Павлова Данева за НОВА.

meto

Револтиран од ова реагираше и доцент. Др. Методија Трајаноски, од Медицинскиот Универзитет во Софија, кој работи во Министерството за здравство. Тој смета дека министерот за здравство мора да внимава кого става на клучни и одговорни позиции, особено во случајот каде што смета дека има класичен судир на интереси. Тој на саркастичен начин се обиде да го протолкува  најновиот случајот во Министерството за здравство, но и да даде квалификација на целиот тим во кабинетот на министерот Тодоров за кој смета дека се нестручни за функцијата која ја извршуваат.

„Здравствената политика и здравствениот менаџмент, како дел од научната дисциплина- социјална медицина, претставува процес на постојано учење, акумулирање на искуство и усовршување. Гледам дека некои луѓе околу мене се повеќе си веруваат дека достигнале до висините на оваа наука. На нивно големо разочарување, тие не се помрднале ни од мртва точка и има уште доста да учат. Јас сум максимално самокритичен и секогаш ја барам грешката прво кај себе, никогаш не сум задоволен од самиот себе и секогаш гледам што може да се направи подобро. Драги колеги покемони!  Ви го препорачувам токму овој пристап. Тој води до постојано незадоволство од себе  и желба за континуирано само усовршување и напредок. И читање, читање, читање, учење, учење, до одвратност. За жал, имате несреќа да работите токму со таков како мене, а за мене тие македонски стандарди кои ги наметнувате се целосно ирелевантни. Јас гледам од таму каде што не пијат боза и не гледаат турски серии, кои што толку многу Ви се допаѓаат и Ви одговараат. А кој не сака да ги почитува овие принципи, подобро е да биде уловен како редок покемон“, објасни Трајаноски, на свој саркастичен начин.

Јован Грповски не одговори на телефонскиот повик и на СМС пораката, во која се бара негов личен став за најновото назначување на функцијата раководител на Проектната единица на Банката на Советот на Европа. Грповски во 2012 година беше назначен за вд. директор на Фондот за здравство, откога Маја Парнаџиева Змејковска си даде оставка по смртта на малата Тамара. Директорската функција ја извршуваше до април минатата година кога Фондот доби двајца нови директори, а Грповски стана државен советник во кабинетот на министерот Тодоров.

 

 

 

 

 

 

 

советник судир на интереси
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.