НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Човек избркан од собирот, зад Груевски викал„Вратете ги парите!“

0
By Нова ТВ on August 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обезбедувањето на високите партиски функционери од ВМРО-ДПМНЕ на денешната Семакедонска средба во Трново, Битолско, отстрани од народниот собир лице кое викаше „Вратете ги парите!“, објави Сакам да кажам. мк. На народниот собир одржан по повод Илинден присуствуваше претседателот на владеачката партија Никола Груевски, пратеникот од дијаспората Васко Наумовски, Тодор Петров од Светскиот Македонски Конгрес и други претставници на македонски здруженија во странство. На средбата за првпат немаше претставници од опозицијата.

Додека траеја поздравните говори, еден маж помина зад ложата со столови каде седеа високите партиски функционери од ВМРО ДПМНЕ, меѓу кои и Груевски, па извика неколку пати „Вратете ги парите!“ По ова, двајца од обезбедувањето го зедоа и го отстранија од дворот на црквата „Света Богородица“ каде се одржуваше народниот собир, пишува порталот.

На средбата која за Илинден се оргранизира со години не се памети толкава голема посетеност како овој пат. Ова е заедничка средба на иселениците и Македонците протерани од Егејскиот дел на Македонија. Пред црквата беа паркирани и дваесетина автобуси кои донесоа народ од сите делови на Македонија.

На почетокот од церемонијата имаше и мал технички проблем. На средина од говорот на првиот говорник Иван Џо Петрески снема струја, па не можеа да се слушаат обраќањата пред толкава насобрана толпа народ. Поради техничките проблеми, беше вметната културно уметничка програма, а откако дојде струјата по петанесетина минути продолжија говорите.

Бидејќи домаќинот на собирот, градоначалникот Владимир Талески е во домашен притвор, пред присутните се обрати претседателката на Советот, Силвана Ангелевска.

обезбедување отстрани човек
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.