Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како ќе живеее понатаму Груевски после враќањето на шимпанзото Коко

0
By Биљана Секуловска on August 6, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 6, 2016 12:37

Победничката најава на власта дека ќе започне изградба на живеалиште за шимпанзото Коко вредна бесрамни 231. 434 евра, ме потсети на фасцинантните навики на најголемите тирани во историјата на човештвото.

Погледајте ја само таа доброчудна насмевка на поранешниот претседател на Заир (денешен Конго), Мобуту Сесе Секо и начинот на кој го носи леопардовото капче, малку накривено на десно, за падот да биде предвесник на школата на креаторот Марк Џејкобс.

Мобуту мораше да поседува цврста рака која со едно мало движење му покажуваше на народот каде му е местото- во прогонство, во затвор или на слобода, но цената на ропството се плаќа. Ако сакате да се движите во безбедната зона, морате многу и да голтнете од гордоста, тоа е религијата на сите народи под диктатура.

mobutu-sese-seko-www-en_-wikipedia-org_

Мобуту Сесе Секо

И не говорам сега за некакви слободи и права, концентрирајте се ве молам, нив ги нема во заирскиот речник. Првото правило- ако сакате да излезете на улиците на Заир, имате запишана процедура на изглед и тоа со указ: не смеете да носите капа со леопардов принт, затоа што  тоа смее да го стори само Мобуту. А Мобуту добива што Мобуту ќе посака, зарем не?

Цврсто со кодошлакот во нашите редови

Најголемите предизвици на еден тиранин секако дека се непријателите, за што неспорен експерт беше Франсоа Дуваље или само Папа Док, диктаторот на Хаити.

Неговиот страв од лидерот на паравоената група Клемо Барбо го натера на потег кој се смета за бесценет во воената стратегија: откако не можеше да го пронајде Барбо, Папа Док сфати дека се е само привид во овој земен живот. Затоа, после долго и напорно држење на главата (колку повредна, толку потешка, но и незгодна за транспорт на една идеја во друга), сфати дека непријателот Барбо се трансформирал во црно куче.

Папа Док го стори тоа што едноставно мораше да се направи, без одлагање- даде наредба да бидат убиени сите црни кучиња на Хаити, без изговори, без исклучоци, веднаш и засекогаш.

После ваков епилог, би било аматерски од сите нас да не станеме од почит кога ќе го чуеме говорот на Груевски на големиот ден 2 август, тогаш, кога мораше да бидат прецизно покажани со прст непријателите:

„Го чувствувам презирот со кој стотиците илјади луѓе со кои се среќавам низ целата држава го имаат кон секој оној кој со кодошлак, со страничен елемент, со неработа и со критика само заради критика, а без суштина сака да оствари своја лична теснограда цел на штета на интересот на државата Македонија”.

Замрзнатата насмевка на народот е забранета

Аплаузот после пресметката со непријателската опозиција треба да му припадне и на екс-претседателот на Туркменистан, Сапармурат Нијазов, кој за да се награди после чистката, објави за што служат парите на народот и изгради замок од мраз. Нијазов беше милостив господар, тој му дозволи на неговиот народ и да влезе во него, а замрзнатата насмевка во вакви околности е забранета. Но, романскиот народ се погрижи да не го види никогаш повеќе развлеченото смеење на мегаломанот  Николае Чаушеску. Сепак, секое злосторство остава трага- палата која тој ја градеше се уште е невозможно да се искористи докрај-  Парламентот користи само 30% од неа.

causes

Егзекуцијата на Елена и Николае Чаушеску

Ако преферирате поцврста рака на лидер кој ќе ве нурне низ античката историја најдлабоко, додека не се смежурите и мумифицирате, потпрете се на поранешниот гамбиски претседател, Јаја Џама, кој тврдеше дека Гамбија порано била најстарата и најголемата земја во Африка, колевка на овој континент.

Затоа, токму затоа, поколенијата на Александровата крв (Александар Македонски кој ви доаѓа како алтер его на Тодор Александров, вам ви е избрано вашето ДНК согласно декретот на власта) го одбраа шимпанзото Коко од скопската зоолошка градина како нивен личен печат, сопствен симбол на моралната вертикала, совеста на оваа власт. Како поинаку би го преживеала оваа власт девојчето со Даунов синдром кое  мора да чека со месеци за снимање со магнетна резонанца заради неподносливи болки во коленото кои ја спречуваат да оди, како би живеела со сознанието дека најтешко болните од рак ја молат власта да се набават цитостатици, како би го пребродила и овој ден ако знае дека родилките умираат заради непостоење елементарни, цивилизациски услови во болниците, родилиштата изгледаат како монтажни сали од Втората светска војна, што да им се објасни на луѓето со дијабетис кои ја преколнуваат власта да не штеди на инсулин, итн.,итн.  Како би преживеала, како би живеела понатаму, навистина, оваа власт, после се?

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.