НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Солидарност, освестување, одговорност

0
By Нова ТВ on August 9, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Колумна на Беса Арифи, Вонреден професор, Правен факултет, УЈИЕ

Во оваа тешка недела за жителите од скопскиот регион кои најмногу настрадаа од последното невреме, најсуштински и најиманенто е покажувањето на солидарност базирано на основните човекови вредности. Искрената помош која човек инстиктивно му го дава на друг човек кој е во невоља е премногу битна за да со неа се калкулира со помислувањата: зошто јас би помогнал, зошто не помагаат надлежните, зошто јас да трошам, има други кој тоа треба да го направат.

Ова дотолку повеќе е битно кога државните институции не функционираат или се сосема урнисани, проголтани не во поплавите туку во длабоката река на корупција која нема дно. Не смееме да дозволиме тие институции да не понесат и нас ниту пак нашата човечност во тоа бездна. Затоа е многу значајно секој од нас да почувствува дека прави барем нешто мало па дури и незначително за да покаже солидарност со граѓаните кои овој пат го извлекоа подебелиот крај.

Втората работа која треба да се научи како лекција од тоа што се случи завчера е освестувањето на секој од нас за неколку работи:

-Жална вест е фактот што невремето овој пат понесе 21 жртва. Уште пожално е дека тоа се случи една година подоцна од кога ги имавме другите 6 жртви од слично невреме кое го погоди тетовскиот регион. Крајно лошата вест е ова: овој процес нема да престане, дури има сериозен ризик истиот да станува се почест. За ваквото нивно загрижување сакаат да не освестат сите светски експерти кои се занимаваат со овие прашања а кои предупредуваат за почестеноста на разните катастрофи предизвикани од временските услови. Нивниот апел е следниот: ова е логична последица на долготрајното уништување на природата и природните ресурси кое сега се реваншира на ваков начин, се почесто и почесто.

Загадувањето кое човекот го предизвикува дава ужасни резултати од кои последиците ги трпиме сите. Затоа е важно освестувањето за еколошките работи, за да се разбере дека непрописното и противзаконско загадување предизвикано од фабриките а дозволено од државните институции, неказнетотопустошење на шумите, несовесното справување со сметот и нечистотијата, како институционално така и индивидуално, носи големи последици, од кои еден ден секој од нас може да настрада. Така, секој од нас треба да се потсети на ова и да се помисли како тоа удобно седи дома кога некој протестира и бара почист воздух, почиста и позелена средина за живеење, како и поодговорна власт која ќе ги зачува, и нема да ги опустоши природните ресурси. Можеби воздухот и другите ресурси не се директно видливи и изгледаат далечни, но природата знае често да не потсети како тие, за само неколку моменти, стануваат поважни од се.

-Другата работа за која треба конечно да се освестиме е во какво сиромашно расипништво живееме и потполно се согласуваме со таквото живеење веќе подолго време. Треба да се освестиме дека не ни се задоволени елементарните потреби како граѓани.

Треба да се освестиме дека власта, која е должна парите од нашите даноци да ги инвестира одговорно и во согласност со нашите најзначајни потреби, тоа всушност не го прави, туку сосема расипнички, инвестира милиони во барокна зграда на водовод и канализација, кога во државата нема соодветен систем на водовод и канализација, инвестира астрономски суми за кои ние допрва треба да плаќаме незамисливи камати во панорамски тркала над реки кои, и без да се прелеат, убиваат луѓе, инвестира големи пари двапати годишно веќе долго време во проектот “Ден на дрво”, а ние имаме опустошени шуми кои при првиот сезонски пороен дожд, одронуваат во неквалитетно изградената обиколница, понесуваат човечки жртви и уништуваат имоти. Каде ли се садат тие невидливи дрвја и како тоа никако не озеленуваат нашите шуми туку напротив, од година во година стануваат се поразголени?!

-Третата работа за која треба да се освестиме е бескрајната поделба која оваа власт ја направи меѓу своите граѓани. Јасно се гледа дека наголемите штети се случуваат во општините и во населбите каде живеат граѓани кои едвај преживуваат и кога времето е убаво. Оваа поделба често знае да има и нагласена етничка карактеристика, но пред се, таа е многу длабока социјална поделба.

Токму тие граѓани секогаш ги трпат најужасните последици, бидејќи власта, наместо да инвестира во за нив потребната инфраструктура, парите за таа намена ги инвестира расипнички за свои нездрави цели и за бесмислени проекти, по теркот на последните римски императори расипници кои мислеа дека со гладијаторски игри и други претстави ќе го држат среќен својот народ (немало телефони во тоа време, па затоа не можеле уште со такви игри да го забавуваат народот). Се сеќавам на едно интервју на поранешниот уругвајски престедател, José Mujica, познат по својата скромност, во кое тој објасни дека биле во дилема дали да купуваат хеликоптер за претседателот (бидејќи очигледно Уругвај не е доволно богата земја за да размислуваат за купување на авион), но тој ги пренаменил средствата со цел да овозможи купување на хеликоптер за ургентиот центар, бидејќи сметал дека тоа е многу поважно од средство со коешто тој би се возел.

Во меѓувреме, Македонија е исто  така сиромашна земја каде што секаков компромис може да се направи. Ама, сепак, во кога станува збор за купување на одреден Мерцедес со екрани на задните седишта, тука нема компромис, а камоли пренасочување на средства за некаво панорамско тркало со кое би се надоместувале штетите на настраданите граѓани.

И на крај, откако сме станале солидарни, но и освестени граѓани за тоа што ни се случува, многу е значајно да знаеме да побараме и да инсистираме на понесувањетоодговорност. Крајно време е да разбереме дека да, се случуваат природни катастрофи, но штетите од нив можат да се превенираат и да се минимализираат со превентивни мерки и со одредено, проактивно работење, кое доколку изостанува, настапува одговорноста за штетните последици.

Недозволиво е власта да се извлече со изјави дека невремето не може да се контролира ниту пак да се предвиди. Можеше да се предвиди, бидејќи минатата година имавме исто такво невреме, па требаше да очекуваме дека истото може да се повтори. Да, можеби невремето не може да се контролира, но пустошењето на шумите секако дека е противзаконски и мора да се контролира. Уништувањето на зелените површини и бетонирањето на градовите истотака може да се контролира. Можеше и Скопје 2014 да се контролира и воопшто да не се случи!

Фактот што обвинителот не излегол на увид да го утврди начинот и пиричините за смртта на жртвите, да не беше и тоа нешто кое не може да се контролира?!. Или пак другиот факт што некој може да дава поткуп и другиот да го прими за да добие дозвола за понатамошно бетонирање и противзаконско градење, а третиот што тоа го знае, истото да го премолчи. Да не заборавиме дека и одговорноста треба повеќедимензионално да се види, бидејќи кривично дело претставува и давањето и примањето поткуп, но и свесното прикривање на кривично дело.

Државните институции не можат умислено да ги пропуштаат своите должности и после да се повикуваат на непредвидливоста на временските услови. Во нормални земји постои корупција, но постои и совест дека таквото нешто е недозволиво па затоа постои поголема одговорност и низок праг на толеранција од самите граѓани за таквото однесување. Во нормални земји за случаи на свесно игнорирање на опасностите од предизвикување на временски непогоди и катастрофи постои законска кривична постапка и конкретна кривична одговорност како и конкретни казни за одговорните лица. А во некои други земји, таквите остануваат неказнети, па дури можат и да се одликуваат со ордени. Нормалноста, сепак, е релативна работа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.