НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ни треба Зелена револуција

0
By Нова ТВ on August 14, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Александар Петров

Биодиверзитетот преставува единствениот природен ресурс од кој градот ја регенерира својата енергија и заштита, од каде се црпи квалитетот на формалното секојдневно живение.

Вегетацијата е потребa како за природен протекторат (имунитет), така и за развојот на секој град, поготово за типови на градови како Скопје кои немаа изразита и тврда урбана лектура.

Скопје од пред земјотресот е со класична поставеност на пополнето ткиво каде после природната катастрофа тоа драстично се променува. Делумно и заради сосема новиот концепт во неговата тогашна  обнова, делумно и поради системот од кој е затекнат. Празните површини кои се оформуваат заради зададениот специфичен тек на изградба,се запуштени и диво обраснати,затоа што тогашниот замислен просперитет доживеа колапс.

Околу 90 тите години додека  имаше каква таква дебата за развојот на центарот на Скопје околината на плоштадот беше заобиколена од Урбана шума.

Празна ширина од спонтано зеленило. Бујно исполнета празнина во отсуство на било каква симбологија или идеологија. Најмногу беше обрасната со  листопадни дрвја,со високи крошни кои долго време вегетираа и се оформуваа. Тука спаѓаа липите,оревите, дивиот костен, багремот, јаворите и многу други дрвја кои беа до толку израснати што нивните корења  го кршеа дури и бетонскиот плочник.

Создаваа драматични тотални сенки кои  ги криеја бруталистичките бетонски градби во втор план и живописно ги менуаваа боите кроз годината, адаптирајќи се на скопската континентална клима. Се развиваа и во континуитет, паралелно со речното корито по Вардар чие пространство беше поврзано се до градскиот парк.

Денес, таа празнина се здоби со исконзумирана реторика и создаде корумпиран хаос и околен пустош.Не се поштеди ниту една празнина,се пополнија со насилна узурпација.Еве крајот го дочекуваме со Панорамското тркало. Од денешна гледна точка, доволно ќе беше по самото осамостување тогашните општини само да го редефинираа и средеа затекнатото запуштено зеленило и да го разграничеа со добар и современ партер, и Скопје ќе блеснеше во најубав сјај. На тој начин  ќе го заштитеа и градот  од грдата иднината што му престоеше. Но тоа е тој недостаток на визија од која и денес сеуште патиме.

Наместо тоа  знаеме како сиот тој простор ни се украде пред очи и сега ќе мора да се соочуваме со несаканите последици од тоа. Пример за горенапишаното е веб платформата http://skopjeraste.mk/ каде постои опција која може да ни го спореди развојот на зеленилото од 90 те години па се до крајниот ДУП кој не очекува во 2020 тата година. Ќе приметиме колку тоа е очајно,а како времето проаѓа ,станува и запрепастувачко.

Се дивее против се што е природа, се уништува дури и надвор од своето протегање према падините од таа страна на Водно, Аеродром, Карпош,сега се свестивме и за обиколницата. Со самото тоа ги изгубивме метереолошките и климатските параметри. Го немаме веќе тој единствен природен филтер кој би требало да ги намали енергетските трошоци на околните згради, кој апсорбирa СО2, ги филтрира микрочестичките кои се наоѓаат во атмосферата, ја намалуваат урбаната бука, не штитат од сончеви зраци и ветришта, продуцираат оксиген и влажност.

Таа биоклима, тој уништен еколошки систем од различни типови на вегетација креира и хабитат кој е колонизиран од птици и инсекти.Една мрежа на природни ходници  кои ги поврзуваат природните паркови ,зелените пространства и сета околна спонтана вегетација која се исчезнува од градот.

Цели кубови од градот се опустошија почнуваќи од годините на оваа полудена власт, иако  истото започна и пред тоа со помал интезитет. Од 2006 година па наваму е исечено речиси целото постоечко зеленило покрај Илинденска, Климент Охридски ,Орце Николов, Градскиот ѕид, дел од зеленилото кај Музејот на современа уметност, Универзитетот. И за што сето тоа? Зарем се уште ли ќе им го дозволиме ова?Треба ли да се организираме со друга Зелена револуција?

Додека ние природно осиромашуваме и осакатуваме, низ планетата се водат стрикни политики за радикално позеленување и самоодрзување како принцип.Тоа се води во континуитет од самиот зачетокот на првите зелени градини од минатиот век ,но и следователно потоа кога несразмерно урбаното  почна  да го троши  руралното и агрономското земјиште.

Во последните години до толку се искомплицира тој сооднос да мораше да се радикализира сето тоа зеленило дури и насилно да се вметнува преку слоганот  на смарт градовите.

Еколошки чист град е се уште наше загарантирано право. Тоа  ни е потребно за нашата иднина каква и да биде. Лично се напативме а и бевме сведоци на нејзиното планско уништување шпиунски, под заштита на МВР и тоа во доцните ноќни часови. Иако се оформи и активизмот преку Паркобраните, не успеавме  да се избориме и да го зачуваме градското јадро на почетокот, а еве сега гледаме што се случува и надвор од градот, од тие апсурдни и штетни и непрофесионални градби и инфраструктури . За тоа, кога – тогаш ќе мора да одговараат.

Дојде време каде веќе ќе мораме да делуваме,  да размислуваме за враќањето на изгубените зелени пространства ,во склоп на пропаднатото Скопје. Ќе мора да се избориме за постепено елиминирање на грдите зданија од овој физички кошмар и отварање на простор за да може повторно да озелени.

Државата во континуитет форсира настан како денот на дрвото и пошумува стебла, правејќи се наудрена за сето тоа што му го стори на градот. Со бараните промени  ќе мора да се преиспита оваа фарса и квалитетно да се пренасочи во позитивна насока и од целокупниот труд да се добиеме корист во враќањето на  озеленувањето на градските четврти.

Решението може да биде и  во пакет со целокупното уништување на барокниот стиропор токму преку најразлични видови на садници и растенија кои природно ќе ја деградираат таа евтина граѓа за корупција и ќе доведат до постепена демонтажа на тој градежен отпад каде зеленилото повторно ќе го заземе својот тек. Тоа  може да се успее преку култивирање на помалку значајни садници како колоритни пузавци од типот на Хедера  и билки растенија како лавандата, преку чие експериментирање може да се потикне таа биолошката деградација. Тоа се билки кои не успеваат во нашата континентална средина (повеќе се од медитеранскиот дел) и негде помеѓу сезона од пролет до лето можат да изумрат ако не им се прилагоди  хумусната земја и не се одржуваат. На тој начин при почетокот на есента ветрот може да ја разнесе таа пред исушена лаванда  и  да го освежи (обои во виола) и замириса сивото и тмурно  Скопје, да ги уништи молците и се што е уште закоравено во градот, зелените жили на ползавецот ќе ги деградираат и раззеленат грдите фасади, лажните инфраструктури, паркинзи и тркала, и на тој начин Скопје ќе биде многу поспремно за новиот тек што го очекува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.