Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесплатна правна помош за сите неправедно притворени лица

0
By Нова ТВ on August 17, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 17, 2016 16:39

Од вкупно 250 лица во притвор низ Македонија, речиси половина се притворени повеќе од три месеци.

Од друга страна, судот повикувајќи се на меѓународните практики за изрекување притвор само во крајни случаи, ваква мерка не изрекува на осомничените функционери против кои води истрага Специјалното јавно обвинителство.

Ваквите „двојни аршини“ во судството, како што ги нарекува претседателот на Комитетот за заштита на правата Ване Цветанов, се неправедни и токму поради тоа Комитетот започнува акција со цел да им се помогне на притворените и нивните семејства.

-Акцијата „Ајде да спасиме судбини“претставува повик до семејствата на лицата кои се во притвор за вмрежување, по што експертскиот совет на Комитетот за заштита на човековите права ќе направи разгледување за кои случаи е целосно непотребен притворот и да се побара од судот да се замени притворот со алтернативна мерка. Судот создава слика во јавноста дека постапува по меѓународните препораки за давање на притвор во крајна нужда и се повикува на други алтернативни мерки, но тоа очигледно важи само за предметите кои ги отвора Специјалното јавно обвинителство, вели Цветанов.

Според поранешниот судија и актуелен адвокат Валентин Зафиров, злоупотреба на мерката притвор би се спречила со итно постапување на судиите по предметите. Тој смета дека неизрекувањето на притвор онаму каде што има индиции дека е потребно поради влијание врз сведоци и слично, е исто така злоупотреба во спротивна насока.

-Основа за судијата за да не ја злоупотреби мерката притвор е да постапува итно. Тоа кај нас не се применува, се дава притворот и се насочува предметот по 20-30 дена по еден сведок и буквално предмети се даваат на Обвинителството на крајниот рок од шест месеци и за пола саат обвинението стигнало. Злоупотребата веќе се прави во времетраење на притворот и во постапувањето на истражувањето на судијата. Исто и обвинителствата.  Имаме сега друга ситуација со работата на СЈО – злоупотребата на мерката притвор со тоа што не се изрекува. Со моќта да влијаат на сведоци, тие луѓе да не се ставаат во притвор, и тоа е злоупотреба во спротивна насока, вели Зафиров.

УСЛОВИТЕ ВО ПРИТВОР ПОД ЧОВЕКОВОТО ДОСТОИНСТВО

Душко Илиевски од Битола, познат во јавноста како „Душко Млекарот“, кој заедно со својот брат и син поминаа 12 дена во притвор поради сомневање дека одгледувале дива марихуана, вели дека тие 12 дена биле најпеколни во неговиот живот.

Судот оцени дека фармерите немаат никаква вина за дивиот коноп, а Илиевски денеска раскажа дека стоката на неговата фарма има подобри услови отколку оние луѓе кои се во притвор и допрва чекаат судење.

-Креветите беа на двокатни, тука јадевме, тука спиевме. Казанче немаше, на обична чешма миевме лице и заби. Тој притвор е изживување, оние услови се катастрофални. Таму може само да се излезе болен. Задушливо, не се диши од смрдеа што враќаше канализацијата, не знам како издржуваат луѓето кои се по година – две во притвор, раскажа Илиевски.

Освен притворените, маката ја делат и нивните семејства кои не можат никако да им помогнат на своите роднини, вели Бедри Ајдари, брат на еден д осудените во случајот „Монструм“

-Мојот брат уште чека решение дека му е укинат притворот, пет години не може да донесат правосилна одлука за неговиот статус. Треба адвокат, дали да одиш по притвори, дали да го посетиш. Тие се огромни средства, не можат сите да ги остварат тие работи,а  се чувствуваш виновен, што не можеш да помогнеш, вели Ајдари.

Од Комитетот за заштита на правата, во соработка со Здружението „Зелена лупа“ ги повикува сите семејства на притворените да се обратат за правна помош на бројот 072 545 210 или да ги потсетат канцелариите на Комитетот.

На крајот на септември, Комитетот со семејствата на неосновано држените во притвор, зависно од тоа колку ќе се пријават и за колку е проценето дека се без основ во притвор, заедно со нивните адвокати и со медиумите, ќе побараат судот да го замени притворот со поблага мерка.

Комитет за заштита на правата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.