Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каменица, Штип и Берово ќе даваат пари за концерти, не за поплавените

0
By Нова ТВ on August 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 19, 2016 19:08

Градоначалниците на Македонска каменица на Штип и на Берово не се откажуваат од намерата во нивните градови да настапат Светлана Ражњатовиќ – Цеца, Здравко Чолиќ и Северина и покрај реакциите на социјалните мрежи со кои се бара наместо за музичари од странство, парите да се пренаменат за поплавените подрачја.

Директорот во рудникот „Саса“, Максим Прохоров, на зачестените барања да се откаже од спонзорство за концертот на Цеца, која на Денот на рударите на 28 август треба да настапи во Македонска Каменица за Мета вели дека е „лесно да се пазари со туѓи пари“.

– Невкусно е да се зборува за трошење на туѓи пари. Ние го помагаме тројното славење во Македонска Каменица – празникот на градот, Денот на рударите и празникот „Света Богородица“. За таа цел, една година однапред планираме пари и ова нема врска, ниту со поплави, ниту со земјотреси. Ние и ги префрламе парите на општината, која потоа со дополнителни свои средства од буџетот ја планира прославата, изјавил Прохоров.

Тој не соопшти за колкав износ доаѓа Цеца во Македонска Каменица, бидејќи, како што рече, „тоа е работа на општината“.

Градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски вели дека општината секојдневно им помага на поплавените, а одбележувањето на тројниот празник не можат да им го ускратат на граѓаните, бидејќи е единствен во годината.

На повиците на социјалните мрежи дека не е време за плаќање на скапи музички ѕвезди во регионот им се придружија и беровските социјалдемократи. Нивната намера е да поднесат иницијатива Советот да одлучува да ги пренамени парите од општинскиот буџет за поплавените.

– Не е време за славење кога во државата имаме над 20 жртви од поплавите, а треба да се обештетат и оние кои ги загубија домовите, вели  претседателот на Советот на Берово, Јован Матеничарски.

Иницијативата е само намера, бидејќи Советот е на одмор. Матеничарски не знае колку пари од буџетот се трошат за општинската манифестација, каде главна ѕвезда е Северина. Не знаеше да каже и колку пари се одвоиле од општинскиот буџет за оваа намена, бидејќи немало извештај пред Советот.

„Етно плоштад“, во чии рамки настапува Северина  е манифестација која покрај општината ја финасира и  Министерството за култура со 750.000 денари.

Според портпаролот на општина Берово, Марин Демировски тие одвојуваат 3.000 до 4.000 евра, меѓутоа, Северина ја носи нивниот традиционален спонзор. За тоа колку спонзорот „Зегин“ платил за ѕвездата, Демировски не знаеше да каже.

– Пренамената на парите нема да помогне, туку само ќе му одмогне на градот, бидејќи ова се единствените два дена кога се пополнуваат туристичките капацитети на Берово. Општината вложува помал износ на пари од буџетот во однос на ќарот што го има градот,  вели Демировски.

Во Штип на „Пастрмалијада“ доаѓа Здравко Чолиќ. Општината не соопшти за колку ќе настапи популарниот Чола, бидејќи тоа било обврска на спонзорот, „Скопска пивара“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.