НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонско здравство, какви луѓе те водат?

0
By Менче Атанасова Точи on August 30, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Bниманието ми го привлече едно интервју, тукушто објавено на сите провладини портали со економската директорка на една скопска клиника. Гледам, читам и не ми се верува. Исто интервју во сите портали. Политички маркетинг! Како од нејзиното доаѓање пред неколку месеци да почнала да работи клиниката за чие функционирање знам многу во последните 20 години. Прашањата нарачани, да му е срам на човек да чита.

А, да пред да заминам на одмор напишав колумна каде објаснив дека докторите на оваа клиника се шокирани од однесувањето на истата таа директорка за која рекоа дека ги бркала пациентите од ходник доколку дошле порано од закажаниот преглед. Ги бркала по пеколно жешкото да чекаат надвор иако докторот можел, сакал  и имал слободен термин да ги прими. Така некои морале да чекаат и до 14 часот да влезат на закажано според „Мој термин“. Така кажаа докторите и беа многу револтирани и вознемирени од тоа. Македонско здравство, какви луѓе те водат?

Туку, да го прашам министерот за здравство Никола Тодоров кога ќе бидат новите вработувања што ги најавуваше. Вкупно 350. Нешто е тивок во последно време. Или можеби се радува што маслото од канабис за медицински цели конечно ќе го има во аптеките, со доцнење од  пет месеци откога го најави. Нека се радува, има и зошто.

Во време на поплави, кога се повеќе од можни заразни болести медицинските сестри во Одделението за кожни болести во болницата „8 Септември“ потпишуваат Петиција. Тие велат дека не можат да издржат бидејќи се многу малку и постојано се на работа, многу често дежураат. Со Петицијата која ја подготвуваат да ја однесат кај директорот поставуваат ултиматум: Да се примат на работа уште медицински сестри или тие колективно ќе ја напуштат работата во кожното одделение!

И сега Тодоров што правиме?

Имате ли во план нови вработувања на медицински сестри или чекате да дојде предизборието? Зашто ова не може да чека!

Надвор е неподносливо топло, а пцовисаниот добиток уште плива во поплавените подрачја. Заразата тропа на врата, а кожното одделение во„8 Септември“ е пред затварање. И да не е, нема капацитет за работа.  И пред извесно време, веднаш по поплавите пациенти беа фрапирани кога наишле на затворени врати на кожно бидејќи вработените биле на колективен одмор. И фрлаа со „дрвја и камења“ по социјалните мрежи по персоналот. Ама е еве, работата била таква. Си земале одмор кој што законски им следува. А, на одделението немало кој да остане да работи.

Во време на вонредна ситуација министерот за здравство не мрднува со прст да стори нешто. Можеби нема време за министерските работи бидејќи е вицепремиер? Но, ете има кабинет со еден куп луѓе. Платени од наши пари. Тие сигурно следат се што се случува во здравството, до нив стигнуваат сите поплаки од директори и пациенти. Можно ли е да се распореди кадар од таму каде што има повеќе медицински сестри, да се примат нови или едноставно да дојдат на помош од други клиники? Ситуацијата во болницата е ургентна!

Болницата „8 Септември“ има потреба од медицински сестри. Итно и неодложно, не само на кожно! Како да функционираат кога имаат недостиг од кадар, а работат со полна пареа? Само од почеток на годината до сега во болницата биле извршени 9650 прегледи, за разлика од лани кога во текот на целата година имало 6500 прегледи. Тоа се по 1200 прегледи месечно! Болницата кубури со одредени лекари специјалисти, имаат огромен недостиг од медицински сестри, административен кадар, општи работници, хигиеничари. А, вие таму од министерството им праќате специјалисти  кои веќе ги имаат. Седум ендокринолози на девет болнички кревети!  Тоа го нема никаде во свет. Срамота!

Како тоа да не ги прашате од какви лекари специјалисти имаат потреба? И сакате да ви веруваме дека нема партиски вработувања? Дека имате план и стратегија за вработување на специјализантите?

Да, познато ми е за некој ден ќе излезете со прес конференција за третата група вработувања на специјализанти. Гајле ви е. Вие ги избирате, болниците им обезбедуваат плати. Дали им требаат тие специјалности, тоа не е важно!

А, ние еве чекаме да одговорите што се случува со оние ветените нови 350 вработувања?  И дали болницата „8 Септември“ ќе добие кадар што и е навистина потребен. Не партиски. Ќе добијат ли и другите болници  кадар како што им е потребен или повторно ќе трупате луѓе кои се  изгубени во простор и време. Тоа е суштината! И тоа е основата за да успее да се одржи македонското здравство. Во, спротивно ќе го останат само нарачните интервјуа да ве спасуваат од вистината, од погледите на болните, од самите себе.

 

заразни болести кожно петиција поплава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.