НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да се викате Оливер Андонов, зарем е тоа важно

0
By Биљана Секуловска on September 3, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неколкудневната мистерија околу физичката смрт на узбекистанскиот претседател Ислам Каримов потсетува на последните смртноносни трзаи на неговиот брат близнак во лидерските способности, предвреме овенатиот и веќе неупотреблив за некои големи дела, но се уште во одлична актерска кондиција, Никола Груевски.

И двајцата знаат дека се готово мртви, но никој нема храброст тоа да им го соопшти.

Каримов веројатно со духот плови околу загрижените докторски превези околу устата, тие во меѓувреме заедно со семејството и генералите бараат наследник, кукла на надувување, било што, кој било, некој кој ќе ја пополни дупката во историјата, која застрашувачки зјаи и се растегнува за да го престигне Универзумот, откако тој стана претседател, 1990 година.

Груевски  е во слична, безизлезна ситуација, од која нема враќање. Умрел или не, ден- два после смртта веќе и не е важно, диктатурата мора да живее и понатаму. И оттука, и самиот диктатор мора да продолжи, како олицетворение на црната дупка во оној ист Универзум за кој Каримов така се надеваше.

Чизмата на Груевски така темелно ги постави основите на  стравот и теророт, што во меѓувреме и реинкарнацијата на Ислам Каримов ќе посака да се насели тука и да ужива во бесмртниот живот.

Каримов со денови лута низ полињата на смртта во неговата земја, за неочекувано, тогаш кога докторите се заклучија по шпајзовите, само за да не ги пронајде прекиот суд,  добива покана да застане над рамото на Груевски.

Двајцата политички браќа го разменуваат огледалото, го споредуваат жолтилото на лицето помешано со некоја капка мртовечка шминка и се кикотат над новите успеси во задгробниот живот.

dec

Груевски на Каримов му ја предава сликата од која не се дели: тајната полиција во основното училиште на неговото родено дете станале директорката, учителскиот собир и  родителите, токму на првиот школски ден.

Создале шпалир од деца чии родители се невидливи на оваа слика, но нивните сегашни и идни позиции нема да бидат. Во таков титоистички шпалир го дочекуваат Груевски со семејството- овие деца кои не знаат дека станува збор за  погребна поворка и за рамото кое му натежнало на Груевски, затоа што над него виси Каримов, кој не сака да се откаже од последните почести.

Затоа и е очекуван мандатот од еден ден на новиот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов или можеби е Андоновски, кој ќе го знае и дали е воопшто важно кој како се вика, кога во Книгата на родените и подоцна во Книгата на заминатите, сите тие ќе бидат заведени како Никола Груевски. Затоа што културата на диктатура, на покорност и изгубен идентитет низ вековите кај Македонците е наследство кое не може да исчезне, таа во одредени фази во историјата се надградува, се усовршува, од време на време некое камче се распаѓа и одронува, но време, време мора да помине, времето е мајката на крајот на сите неволји.

Би било наивно и аматерски да се очекува дека следната власт или можеби таа по неа, ќе го избрише тоа историско наследство на покорност, дека тоа ќе биде заборавено, ќе исчезне тој груевистички дух . Ниту пак столбовите на демократијата не се градат за деценија или две, како што еднакво, во позрелите демократии, не може да се срушат и да се воспостават поинакви, исламкаримовски столбови.

Нам сега потребна ни е вековна трпеливост на градење нови столбови, која ќе се спротивстави на вековната покорност, трпеливост во градење на тие демократски зачетоци, но во меѓувреме, ќе мораме да заминеме, затоа што е потребно многу, премногу време, мора да отстапиме простор на подобрите, похрабрите, посовесните.

Некои други генерации ќе им натежнат над рамењата на некои нови, идни груевистички столбови, ќе се туркаат и паѓаат и ќе стануваат повторно, ќе се менуваат и дежураат низ децениите, нивната служба ќе биде нивна обврска, затоа што само така изгледа патот на слободата. Затоа, да им го отстапиме патот на Шарените- ова е време на нивна служба.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.