НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЈО: Пронајдени телата на шестмината загинати во авионската несреќа

0
By Нова ТВ on September 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека увидните екипи кои се наоѓаат на местото каде вчера во попладневните часови се урна авион ги пронајдоа сите шест тела од починатите патници.

-Станува збор за пет мажи и една жена. Телата се подготвени за пренесување во Институтот за судска медицина  каде што во наредниот период по налог на Јавен обвинител  ќе следи постапка за идентификација, се вели во соопштението.

Претходно, Јавното обвинителство информира дека во тек е испитување на двајца пилоти од Италија кои биле со други две летала и слетале на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Испитувањето се врши со цел прибирање на податоци и информации.

Во тек е и увидот на лице место раководен од јавното обвинителство кои се врши на местото на несреќата.

-Увидот се врши од страна на двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје, кои раководат со увидните екипи од надлежните органи. По наредба на јавен обвинител обезбеден е дрон кој треба да изврши воздушно снимање на теренот каде што се случила авионската несреќа. Снимките од дронот ќе бидат од голема помош за утврдување на динамиката на движењето на леталото, како и за разоткривање на начинот на кој дошло до несреќата, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство.

Отворање на косовскиот аероклуб – дестинацијата до која не стигнаа

Италијанските и косовските медиуми ги објавија имињата на загинатите. Со авионот управувал пилотот Франческо Монтањер кој бил претседател на аеро-клубот во Тревизо. Во авионот се наоѓале и потпретседателот на клубот Дарио Бастасин, како и Лука Дале Муле, италијанката Илариа Берти, косовецот со италијански пасош Висар Бегај, како и неговиот брат Ф.Бегај.

Паднатиот авион бил дел од група составена од три авиони кои летале од Тревизо за Приштина, а претставниците на италијанскиот аеро-клуб требало да отворат сличен спортски клуб и во Косово, пишуваат италијанските медиуми.

На приштинскиот аеродром немало гориво какво што е потребно за авионот Пајпер, па морал да слета во Скопје, а потоа да го продолжи летот.

 

авионска несреча ЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.