Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дрвјата пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ и пречеле на новата градба

0
By Нова ТВ on April 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 23, 2013 13:58


Вчера во доцните попладневи часови, екипи на ЈП Паркови и зеленило сечеа дрва во близина на седиштето на ВМРО ДПМНЕ во центарот на градот.

Како што информира портпаролот на градоначалникот Коце Трајановски, Неделчо Крстевски, од јавното претпријатие имаат уредно решение за сечење на дрвјава издадено од општина Центар, во кое стои дека на овој простор ќе се гради нов објект. Во управата на градот Скопје не знаеа да ни кажат за каков објект станува збор. Во меѓувреме стигна соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:

„Врз основа на Одлуката на Извршиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, одржан на ден 25.06.2012 година и Одлуката на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, одржан на ден 01.07.2012 година, ВМРО-ДПМНЕ распиша јавен повик за доставување на понуди за соинвеститор за изградба на градежен објект на земјиште кое е во сопственост на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во соопштението од оваа партија во кое понатаму се објаснуваат повеќе детали за овој градежен зафат.

„Согласно условите пропишани во јавниот повик тоа земјиште се гради во соинвеститерство, односно понудувачите понудија процент од бруто развиената површина кој ќе му го отстапат на сопственикот на градежното земјиште(во случајов ВМРО-ДПМНЕ), што воедно беше еден од основните критериуми за избор на најповолен понудувач, а кој процент не смее да биде под 30% од бруто развиената површина. Што значи приватен инвеститор го гради земјиштето во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ за свои комерцијални цели, а за возрат треба да отстапи најмалку 30% од корисната изградена површина на ВМРО-ДПМНЕ. Во овој случај ВМРО-ДПМНЕ нема никакви трошоци за изградба на објектот. Ваквата одлука е донесена пред се поради старата и дотраена повеќедецениска зграда, повеќекратните трошоци за нејзиното одржување кои се зголемуваа со оглед на нејзината дотраеност како и недостатокот на просторни услови. Новиот објект ќе ги запази сите градежни правила, стилски и естетски ќе го разубави тој дел од центарот на градот“ се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Според условите дефинирани за оваа градба станува збор за објект од комерцијален какартер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.