НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА истражува: Како Захариев ја продава Ф.К. Брегалница

5
By Нова ТВ on September 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од истражувачката редакција на НОВАТВ

Мал круг на луѓе наголемо тријат раце во Штип. Спортот е повод, мотивот се пари. Се продава фудбалскиот клуб Брегалница. Иако немаше најава за отуѓување на градското милениче, неофицијалната чаршиска вест беше дочекана еуфорично затоа што конечно се нашол фиљан човек кој е заинтересиран да вложува во потпросечна фудбалска екипа во македонски услови.

m-bregalnica-logo

Подоцна одлуката за продажба на клубот ја официјализираше лично градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, кој од Советот на општината побара истата да се стави како точка на дневниот ред.

Првиот дел од ова истражување открива дека постапката за продажба на овој клуб е нетранспарентна, дека новите газди стасаа пред воопшто да биде објавен огласот за продажба, а на големо се носат играчи и тренери.

Кој ја сака ФК Брегалница

ФК Брегалница е во стопроцентна сопственост на Градот Штип. Градот најпрво сакаше да го продава клубот на јавен оглас. По реакциите на локалните советници од опозициската партија СДСМ, локалната власт објави дека наместо продажба на јавен оглас, клубот ќе се нуди на берза со номинална вредност од 25.000 евра или 10 евра по акција. Така општината сега ги продава акциите, кои се уште не се во оптек, но на потенцијалниот понудувач му се нудат по 10 евра акција и обврска од минимум годишно вложување од 300.000 евра за период од една деценија. Одлуката помина на Советот, а градоначалникот Захариев го задолжија да формира комисија за спроведување на постапката за продажба на комплетниот пакет акции на еден најповолен понудувач.

Навидум сè е согласно законот, но само ако не беа гласините дека од неодамна купувач од Турција веже му фрлил око на клубот. Ова беше повод за НОВАТВ да истражи што се крие зад оваа фудбалска „бомба“ под Исарот.

Допрва ќе се продава, но се чини таксана

На крајот на август во Штип во темно сино „Порше“ пристигна нов тренер од Турција во „Брегалница“. Штипјани на шега велат дека Јиксел Јесилова е  нешто како јамб во најава за потенцијалниот нов газда на Ф.К. Брегалница.  Зделката, според официјалните документи, се уште не е реализирана. Единствено е утврдена одлуката за продажба, но од општина Штип потврдија дека до денес се уште не е формирана комисијата за продажба, ниту пак е објавен огласот.

Интересот за оваа приказна започна кога на Фесјбук страницата „Штипски асови“ која третира настани од регионалниот спортски живот во Источна Македонија беа објавени серија статуси во кои што пренесуваат изјави на новиот турски тренер. Освен ветувањата дека ќе ја однесе „Брегалница“ во Европа, тој во една изјава кажува и кој го пратил во „Брегалница“.

„Дојдов во Штип на барање на големиот бизнисмен од Истанбул, Озгун Ајден, и на Тони. Дојдов да работам и да сменам некои работи во Брегалница. Сакам да го вратам фудбалот во Штип. Не случајно задоцнивме една недела. Јас имав свој помошник кој дојде во Штип и ги следеше тренинзите на Брегалница. Ќе стартуваме веднаш, со моите помошници Неан Тукмаја и Ерџан Баж.“, вели тренерот

Извор во општината за НОВАТВ вели дека не само што е пристигнат тренерот, туку непозната маркетинг агенција од Турција, според документите кои изворот ни ги приложи, веќе купува и странски играчи. Донесени се пет странски играчи за кои што се уплатени и пари во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). (Според правилата на ФФМ  за странските играчи се плаќа финансиски паушал). Извори на НОВАТВ во општината велат дека парите за играчите се уплатени од извесна маркетинг агенција со назив „Reflex Menajerlik Sportif  Faaliyetler“ и седиште во Турција.

porse
Новиот тренер Јесилова

 

За оваа агенција не постојат доволно информации на интернет. Тие немаат своја веб страница, а единствено се наоѓаа по некоја штура информација за нивното седиште кое е во Истанбул, а се споменуваат и во една статија каде што се набројуваат кривични пријави против дузина директори и фудбалери од 2010  година.

„Можеби парите за странските играчи ги платила Брегалница, а можеби Турчинот“, овој одговор го добивме во ФФМ откако прашавме кој точно ги уплатил парите за новодојдените. Иако не споменавме никакви Турци, од ФФМ ги споменаа и нив како можни уплатувачи на средствата.

14330124_758573340947784_5125165018464763043_n
Во неделата Брегалница одигра прв натпревар против Шкендија под палката на Јесилова

Сето ова отвори дилеми околу транспарентноста на постапката за продажба. Зошто некој би купувал играчи за клуб кој не го поседува? Зошто Турците би испраќале и тренер и засилување во „Брегалница“, а се уште не се отворил ни огласот за продажба. И дали секој заинтерсиран инвеститор за купување на клубот може да си донесе играчи и тренери за да го тестира. Последново прашање се роди по кусиот и непријатен разговор со градоначалникот на Штип Илчо Захариев кој рече дека Турците се овде за да го проверат теренот.

„Клубот ќе се продава на берза. Новиот тренер е дојден за да ја испита неговата кондиција. Тоа е се, готово, со здравје, пријатно“, рече Захариев и го прекина разговорот, по што не бевме во можност да ги поставиме останатите прашања.

Брегалница ја продавале поради долгови од кредити

Дали е веќе таксана Брегалница и огласот ќе биде само формалност, или пак, општината навистина има уникатен пристап кон потенцијалите инвеститори и им овозможува да тестираат со тренери и играчи пред да ја купат, оваа дилема допрва ќе биде одговорена откако ќе се објави огласот за продажба.

Од официјалните информации единствена е онаа која ја придружува одлуката на Советот на општина Штип за продажба, а во која се вели дека клубот се продава за општината да може да скрати од трошоците, за што била задолжителна со судска пресуда поради кредит од 2 милиони евра на Европската банка за обнова и развој – пресуда со која на општината и се наложува да ги редуцира трошењата за да може да си ги исполнува обврските кон кредиторите.

drugite-napishaa-i-kazhaa-za-ilcho-zahariev

Оттука произлегува најчесто поставуваното прашање што ќе биде со клубот во што се содржани многу дилеми и неизвесност. Конкретен одговор од надлежните нема што само ги подгрева тезите дека тоа што се подготвува треба да се чува што подалеку од досег на јавноста. Или навистина клубот ќе тежнее кон висок пласман дома и излез во Европа или во позадина ќе бидат матни игри, велат за НОВАТВ луѓе блиски до клубот.

Кој всушност ќе ја купи фудбалската екипа која во своето досие нема запишано ни еден успех. Без првенства или куп титула, без учество во финале, без европско искуство и играње колку да се опстане во Прва лига.

продолжува…

Брегалница Илчо Захариев Јиксел Јесилова македонски фудбал Турција Фудбалери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.