Социјалемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) обвини дека власта партиски ги дели граѓните кои беа оштетените од поплавите, На денешната прес конференција на Борче Георгиевски, претседател на Општинскиот огранок на СДСМ Гази Баба рече дека освен партиската пристрасност при делење на помошта, власта не била ефикасна ниту во решавањето на инфраструктурата во погодените подрачја.
До денес, еднократна помош добиле само 3003 лица што е помалку од 50 % од вкупниот број на домаќинства кои уредно пријавиле штета. Од друга страна, постојат сериозни индиции дека јавните ресурси се злоупотребени за партиски цели. Таков е примерот со најавеното асфалтирање на улиците во поплавените подрачја кое започна пред 5 дена. И сами може да се уверите дека механизацијата стои, а извршено е асфалтирање на пет улици кои немаат никакво оштетување од поплавите. При поплавата уништени беа 25 километри локални улици и патишта а нивната реконструкција оди бавно, неквалитетно и селективно. По кој критериум се врши асфалтирањето, бидејќи очигледно е дека тоа не се врши според обемот на оштетување? Наместо да се санираат уништените улиците во Стајковци и Синѓелиќ и да се поправи каналската мрежа, Општина Гази Баба и Град Скопје се водат од партиски интерес, асфалтираат без никакви критеруими и приоритети и вршат предизборен маркетинг и популизам.